Во поглед на муабетиве од Господата што купваат бебешки колички од миљон евра и блендери од сто иљади евра, еден виц:
Двајца женталмени, господа... влегуваат во такси, седнуваат назад и следува дијалогот:
- Не можеш да замислиш, едноставно не можеш... вечерваа направив толку голема грешка, можеби најголемата во мојот живот... колку непристојно, мизерија... ја зедов погрешната вилушка од масата и со неа јадев бифтек...
- Па тоа не е ништо драг мој госоподине, јас направив грешка од светски размери... некултура од светски размери... се напив шампањ во чаша за шардоне... замисли!
Таксистот им се врти:
- Јас се извинувам, да не бидам непристоен... да не ви смета што ви сум свртен со грб?
И ти со Фолцагено караван црвен... купи мечка вистинска, шо ќе се брукаш со евтино од продавница...
