Само за споредба на цените кај нас и во Бугарија.
Лани сопругата требаше да купи панталони за скијање и отидовме во Сити Мол. Цените беа од 13000 ден па нагоре. Ненормална работа. Може на други места имало поевтини ама не баравме и не купивме. Во Сандански во Бугарија во продавница за спортска опрема купивме панталони какви што баравме за 50 евра. Кога и реков на продавачката колку се кај нас рече дека многу Македонци доаѓаат кај нив да купуваат евтина спортска опрема. Одамна немам купено нешто кај нас од облека. Кога и да ми треба нешто ене го Ќустендил кај е, страшно поголем избор на толку мало место а поефтино и не само за облека туку и за многу други работи.