Одамна си кукам дека концертот што го имав на ДВД, го имам негде запустено на времето кога се селевме, па ете си го купив пак.

Римастер, со дополнителни содржини итн итн. Сакав да го земам на Блу-Реј / 4 К, арно ама, не се наоѓа лесно. Тоа што го најдов, беше преку 250 евра, а на ибеј најдов некои верзии за Јапонија, за упола цена, ама шубе ми беше, да не е случајно заклучана содржината за јапонски регион, па за џабе да си ги фрлам парите.