Проблемот сега е што се шуто и рогато родени 2000+ се инструктори. Ги гледам секој ден низ град, 80% од часот скрола тик ток и инстаграм, на иста бранова должина во мозокот се со младите кандидати, тие мислат дека нешто се кул со инструкторот, цигари кафуња ау..
Резултатот е редовно паѓање по 5-6 пати од кандидат и жалење дека ги паѓаат за ништо, дека за пари било се итн.
Кога ќе прашаш малце повеќе што и како извозил увидуваш дека толку е не подготвен што дури ни грешките не си ги согледуваат за грешки.
Во кафич кај што излегувам вработените се сите на некоја возраст за возачки, кога сум ги потпрашувал зошто те паднаа, дел од одговорите шо ги имам добиено се :
“За глупости брат, за ништо, ко излегвав на партизанска кај кам едвај гибнав малце на тротоарот со гумата друго ништо..”
Друг, на зелено застанал на сред раскрсница оти се збунал, од другата страна во семафорот се гледал. Госпо знае уште шо глупости има по пат праено. Трета се престроила грешно “само” двапати..
Е овие сите биле глупости, само пари им земале за џабе, што до некаде се и во криво комисиите овде оти после 5-8 пати паѓање на еден кандидат евентуално ќе го пуштат, а ништо не увидол нити се подобрил и еве уште еден нов идиот во сообрќајот.