Се надевам нема да стигнеш да имаш потреба од вакво нешто.
Јас имав земено компресор со 12В приклучок, и тоа на ЕУФАБ (ѓоамити поасолен производител на додатоци). Еднаш ми требаше, пошо ТПМС ми кажа дека една од задните гуми ми изгубила притисок. И си викам, океј, спремен сум... Вадам уредот, го приклучувам на струја, све фино лепо... Копилето не успеа ни притисок да измери, а не па да допумпа.
За вакви аксесоари, мислам дека е подобро да се искешираат поише пари и да се земе поасолен уред, отколку да земеш нешто поевтино и да имаш лажна сигурност дека си спремен за незгодна ситуација.