Што и да дотркалаш од Германија, освен 1000 ка за колата што ќе ја платиш, зависно од кубикажа, ќе имаш царински (увозни) давачки од 900 до 1200 евра, плус најмалку 300-400 евра за цол, бензин, патарини, шпедиција (транзит документи во Србија и на влез во МК).
Пунто 2 со 1,2 мотор (8 или 16в) 2001-2003 е добар избор, евтино за одржување, под услов да не е направен гроб од кола, оној препродавачот од Битола има нон стоп на лагер нешто и гледам цени од 1300-1600 евра. Секако би гледал со клима, сити серво и здрав ентериер. Како пример, татко ми го продаде она златно боја Пунто 1,2 8 в (без серво и клима) за 1200 евра, ама со направен голем сервис во овластен.
Поново Пунто 2 2005-2008 (бензин или дизел) немаш испод 2500 евра.