Јас мислам дека не е болка, туку предност тоа со рамењата и сложеното вешање. Ама средиш еднаш по пропис, и раат си барем 60.000-80.000км. Ако „буџавиш“ со ефтини делови, ќе си имаш проблеми.
Јас ја имав 166-ката, кога дојде време за промена ставив PU кај што можев и мислев, и реално немав проблеми, а со неа поминав повеќе од 100.000км, дејли кола ми беше.
Имав 147-ца која еднаш се среди со TRW делови, и си немаше проблеми сите години додека беше кај нас у фамилија (прво брат ми, па потоа јас ја возев).
На 159-ката е малку подруго, ете првите интервенции на подвозје доаѓаат покасно, некаде околу 180.000-200.000км, ама повторно, стави квалитет и раат си.
Да, поскапи се деловите, но лежењето на пат и удобноста со таков сетап на суспензија е многу посупериорен од прост мекферсон напред и полукрута позади.
Е сега, оваа кола нема да биде дејли, туку ќе се вози во специјални прилики, најчесто викенди. Суспензијата ќе се среди како што треба и ќе трае веројатно мнооогу години
