Имам купувано од Грција доста пати, пријавувано на грчка царина за такс-фри, пријавувано на наша царина дека сум купил тоа и тоа, но во вредност до 350 евра до фактура. Цариникот само ја гледа фактурата и тоа е ОК.
Со девојката - две фактури до 350 евра, односно купени ствари до 700 евра, поделено на две фактури.
Сум враќал и данок многу пати, што во кеш, што директно на сметка. Тој дел ми е целосно јасен, од купување до продавница до враќање на данок.
Но никогаш не сум внесувал нешто (ако затреба т.е ако ме прашаат на наша царина), а да е над 350 евра, односно да е над 800 евра каде е потребно да се вмеша и шпедиција, па затоа и прашав.
Дополнително - станува збор за хардверски дел кој што не може да се подели на две-три фактури. Единечен дел е, исто како да поделиш една тастатура на три фактури - не бива.