Автор Тема: Што си купивте / сакате да си купите  (Прочитано 2385764 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6945
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15120 на: 10 Март 2025, 07:36:22 am »
Зошто шпедиција, не можиш регуларно на нашата царина да му речиш имам стока за пријавување која подлежи на давачки, па да ти пресметаат ддв и царина таму?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7607
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15121 на: 10 Март 2025, 11:47:20 am »
Стави во ранец со лап топ, и свиркај си. Јас така дроновите ги носам. Никој никогаш не отвара помал ранец.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3749
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15122 на: 10 Март 2025, 12:06:22 pm »
Си пријавуваш сам на влез, гледаш да е тоа до 16ч. најдоцна, зошто после немаш шпедиција на граница што работи или многу ретко да начекаш.
Ако ги начекаш во добрите за да ти завршат работа, можат и они усмена декларација да ти направат или среднистите да ти направат декларација и пресметка, плаќаш одма и тераш.
Ако ти е графичка карта оди по тарифа 8471 80 00 00 колку што памтам и имаш 0% царина, плаќаш само 18% данок.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4112
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15123 на: 10 Март 2025, 12:14:35 pm »
Купи си или купи за некој што му треба штека цигари од фри шоп па пријави ги, тоа бараат да видат.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2506
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15124 на: 10 Март 2025, 12:31:44 pm »
Ако ти е графичка карта оди по тарифа 8471 80 00 00 колку што памтам и имаш 0% царина, плаќаш само 18% данок.

5% данок е за нив како што видов + околу 1800-2000 денари за шпедицијата?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2506
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15125 на: 10 Март 2025, 12:33:45 pm »
Зошто шпедиција, не можиш регуларно на нашата царина да му речиш имам стока за пријавување која подлежи на давачки, па да ти пресметаат ддв и царина таму?

Зошто ако фактурата на она што го внесуваш е над 800€ мора преку шпедиција, ти секако кажуваш на наша царина дека имаш стока за пријавување.

Ова е се хипотетички, може да се деси и да не прашуваат ништо, па терај бато...

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3749
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15126 на: 10 Март 2025, 22:25:29 pm »
Да да, 5%, моја грешка.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2506
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15127 на: 11 Март 2025, 01:11:20 am »
Да да, 5%, моја грешка.

Фала ти на информациите секако.
Рачуницава за шпедицијата ми е ОК со ~2000 денари?

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15128 на: 11 Март 2025, 08:23:13 am »
Да да, 5%, моја грешка.

Фала ти на информациите секако.
Рачуницава за шпедицијата ми е ОК со ~2000 денари?

DHL/FedEx/UPS наплаќаат 1000че екстра ако имаш пратка над 800 евра. Victoria Sped ми наплатиле 2000 денари. Така да да, тука си со цената.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5358
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15129 на: 11 Март 2025, 10:00:54 am »
Не е баш така.

Сакам да купам хардвер што е над 800 евра (парче) и да не го шверцам без кутии и се тоа...
Над 800 евра како што знам е потребно со шпедиција.
- повикај пријател (или поубавата половина)
- во продавницата замоли ги сметката да ти ја поделат на две сметки од по ~330 или 340 евра, остатокот на трета сметка која нема да ја покажуваш
- во продавницата побарај такс фри формулар да ти направат
- на граница, на нивна царина уредно пријави си за да ти го заверат такс фри формуларот, претходно од дома направи си копии со пасош а во продавницата замоли ги за фотокопии од сметката, сликање со мобилен и принтање исто поминува (можеби и нешто пропуштам од документи/фотокопии)
- на граница, на наша царина кажи дека немаш ништо за пријавување, не се царини до 350 евра по човек, пошто  се смета за лична употреба, слободно покажи му ги двете сметки помали од 350 евра (ама не и третата со остатокот)
- не купувај премногу други ситници, посебно не во големи кутии
- профит

И ако имаш грижа на совеста за ваква едноставна работа, тогаш ти друже си пресовесен за да опстојуваш во ваква шалабајзерска и бандитска средина за живеење.  ;D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2506
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15130 на: 11 Март 2025, 10:33:22 am »
Имам купувано од Грција доста пати, пријавувано на грчка царина за такс-фри, пријавувано на наша царина дека сум купил тоа и тоа, но во вредност до 350 евра до фактура. Цариникот само ја гледа фактурата и тоа е ОК.
Со девојката - две фактури до 350 евра, односно купени ствари до 700 евра, поделено на две фактури.
Сум враќал и данок многу пати, што во кеш, што директно на сметка. Тој дел ми е целосно јасен, од купување до продавница до враќање на данок.

Но никогаш не сум внесувал нешто (ако затреба т.е ако ме прашаат на наша царина), а да е над 350 евра, односно да е над 800 евра каде е потребно да се вмеша и шпедиција, па затоа и прашав.
Дополнително - станува збор за хардверски дел кој што не може да се подели на две-три фактури. Единечен дел е, исто како да поделиш една тастатура на три фактури - не бива.
« Последно менување: 11 Март 2025, 10:39:15 am balanar »

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 261
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15131 на: 11 Март 2025, 10:49:22 am »
Имам купувано од Грција доста пати, пријавувано на грчка царина за такс-фри, пријавувано на наша царина дека сум купил тоа и тоа, но во вредност до 350 евра до фактура. Цариникот само ја гледа фактурата и тоа е ОК.
Со девојката - две фактури до 350 евра, односно купени ствари до 700 евра, поделено на две фактури.
Сум враќал и данок многу пати, што во кеш, што директно на сметка. Тој дел ми е целосно јасен, од купување до продавница до враќање на данок.

Но никогаш не сум внесувал нешто (ако затреба т.е ако ме прашаат на наша царина), а да е над 350 евра, односно да е над 800 евра каде е потребно да се вмеша и шпедиција, па затоа и прашав.
Дополнително - станува збор за хардверски дел кој што не може да се подели на две-три фактури. Единечен дел е, исто како да поделиш една тастатура на три фактури - не бива.

Графичка ? :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2506
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15132 на: 11 Март 2025, 17:22:34 pm »
Не, друго имам на ум.
ОЛЕД монитор...

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15133 на: 11 Март 2025, 18:19:22 pm »
Ја мислам дека поголеми шанси има да заглавиш со нешто ако идеш според закон и пријавиш се регуларно отколку ако пробаш да го внесеш онака без пријавување. Го ставаш најдоле у гепек, врз него ставаш торби и ќеси со облека, нешто од фришоп и готова работа. Дури и да го најдат ќе се вадиш дека не си знаел дека треба да го пријавиш. Или ќе те пуштат или ќе платиш тоа што од старт мислиш да го платиш. Сигурно нема да ти го земат или да те стават у затвор, монитор е, не е дрога.

Sent from my SM-S921B using Tapatalk


Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15134 на: 11 Март 2025, 18:56:55 pm »
Не, друго имам на ум.
ОЛЕД монитор...

А да зирнеш на америчкиот Amazon.com? Јас од таму нарачав ОЛЕД монитор, со многу добра цена (поефтино од да го носам од Грција со поврат на ДДВ), ми ги пресмета сите давачки на checkout и ни денар не платив екстра во МК.