Eкспериментирав со фрижидерчиња, и со многу други работи кога се акаме со скари по природа, каде што нема струја, ама најефикасно, а и најефтино ми се виде. Kупив црна storage box од Веро пред 2 години, некаде околу 700 денари, 50 литри мислам дека е, така да собира бајаги внатре. Го редиме со пиење, зимаме 2 кеси со лед, по 50 денари кеса, и истураме во кутијата. Доколку има потреба да ставиш месо, храна, местиме преграда внатре заради евентуална вода, и делува како фрижидерче. Пиењето, храната, останува ладна меѓу 4-6 часа. Единствениот зајеб е што мора кутијата да ја ставиш во сенка. Немам тестирано колку ке држи на сонце директно.