Јас на 140 nm или 14 кг момент со момент клуч што го земав пред 3 години од бриколаж.
Одсекогаш си носам шипка од 1 метро во ѓепек не заради затегање, туку за одвртување.
На таа сила стегнати, со шипката буквално како пердув ги одвртувам штрафовите. И само заради тоа ја носам, да немам никаква мака при одвртувањето.
Пред да имам купено момент клуч обично ги затегав првин со рака, потоа само со должината на клучот притегав колку можев и на крај со шипката уште 90 степени.
Но така на фелицијата скинав еден штраф и тогаш си земав момент клуч и од тогаш само со него ги затегам.
Е сега по вулканизери или мајстори што стегаат со пиштол, тоа е. Затоа си е шипката од 1 метро во гепек за да не излезе душа со клучот долг 30тина цм ако треба да се запне при одвртувањето.