Најчесто одлука од каде ќе купиме/се заебиме си ја носиме сами. Откако ќе купиме/се заебиме, пробуваме да си ја оправдаме одлуката, најчесто со позитивен став, пошто нели ние секогаш знаеме се', или во краен случај познаваме некој кој му е братучед на комшијата и тој познава супериорен лик кој има одлични познавања од космосот.
На крајот од денот секој купува/се заебува со свои пари, па со здравје да си го носи. Не мора палење на клада.
Јас се изначитав ривјуа за Самсунг тв кој го купив пред 2 години и фазла. Позитивни ривјуа. Квалитетен панел, добар контраст...
Се појавија хоризонтални линии после 8 месеци. Сменет дисплеј од Лада Самара во гарантен рок. Самсунг најдобар, Сони најдобар, Филипс најдобар... можеби, во некој паралелен универзум каде што постои квалитететна инспекција за квалитет.
Кај нас е општо познато дека секој се труди да ти продај нешто со сомнителен квалитет и притоа да напрај најмногу што е можно ќар. И то е то.
Ако се погоди, погоди. Тоа пиши во гаранцијата.