После 3 сервиси ти следува нов по Закон за заштита на потрошувачи
Мислам дека треба за истиот проблем/дефект да биде
Истиот проблем е -од почеток..
Ако го има некој при рака законот нека го пуште линк.
Sent from my iPhone using Tapatalk
https://www.vrabotuvanje.com.mk/Vest/25728/Ako-vi-se-rasipe-kompjuterot-ili-frizhiderot-tri-pati-vo-tekot-na-garancijata-mora-da-dobiete-nov/2/ГЛАВА 5
ДОКУМЕНТИ КОИ ГО СЛЕДАТ ПРОИЗВОДОТ
Член 21
Трговецот мора при продажбата на производите на потрошувачот да му ги
предаде и да му ги предочи пропишаните документи и документите кои ги
изготвил производителот заради полесна и сигурна употреба на производот
(декларација, гаранција, технички упатства, упатства за склопување, упатства за
користење, попис на овластените сервиси и слично).
Гаранција и сервисирање
Член 22
Трговецот е должен, согласно со техничките прописи со кои се определуваат
производите за кои производителот, увозникот, односно застапникот на странска
фирма мора да издаде гаранција за квалитетот, односно за исправното
функционирање на производот, документ за начинот на употреба на производот,
да обезбеди сервис за одржување и поправка и снабдување со резервни делови
во гарантниот рок. Трговецот е должен најмалку за пет години од денот на
производството на производот, но не помалку од две години од денот на истекот
на гаранцијата на производот, да обезбеди резервни делови.Во согласност со
потрошувачот производот може да се сервисира најмногу три пати во рамките на
гарантниот рок и доколку не се поправи производот потрошувачот има право да
бара од трговецот да го замени со ист таков нов и исправен производ или да му
го врати платениот износ на потрошувачот за купениот производ.