Автор Тема: Што си купивте / сакате да си купите  (Прочитано 2028093 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12915 на: 29 Мај 2023, 11:12:32 am »
Освен eBay и сличните на него страници, да препорачате од каде да се земе колички во размер 1/18?

Кај нас само Крш носат нешто повеќе избор, ама во последно ги напумпаа цените ко небаре AutoArt купуваш.

На лагер само Dodge Viper 1:18 имаа.

Ако одиш во Бугарија имаш HobbyLand со повеќе избор. Има HobbyLand и во Грција ама бугарското има многу избор.

Друга алтернатива тие  онлајн германски сајтови со 15 евра шипинг.

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 238
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12916 на: 30 Мај 2023, 12:41:12 pm »
Gentlemen, некој да знае каде се продава црно ПВЦ платно за ограда? (засега само зелено наоѓам)
Слика за пример.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Провери во земјоделски аптеки. Не знам од каде си ама во Горно Лисиче мислам има 2 вакви аптеки на главната улица.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12917 на: 30 Мај 2023, 16:46:36 pm »
Че се најдит за летово...
Лидл, 50 европски



Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12918 на: 30 Мај 2023, 22:26:47 pm »
Мамички хелп!

Денес гледавме колички за бебе, веќе влегваме во 6ти месец.
Од она шо видов и спрема буџет изборот паѓа на овие две:

https://www.encimenci.com.mk/kolichka-polly-3-in-1-black-moni-0665850699
Ова личи помодерно ама е погломазна кога е склопена.

https://www.encimenci.com.mk/kolichka-trio-sprint-w-o-kit-car-sandshell-chicco-791754300
А оваа е покомпактна а за таа цена има и плус седиште за во кола.

Е сеа прв пат ми па немам појма на шо треба да се обрни внимание.

Секој совет е добродојден.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12919 на: 30 Мај 2023, 22:40:08 pm »
Da ne opukas tolku pari na kolicka. Sekako nema da ja iskoristis za parite

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12920 на: 30 Мај 2023, 22:42:21 pm »
Мамички хелп!

Секој совет е добродојден.

0-6 месеци мора да е во корпа - да е легнато, а некој саат смее и во транспортер - полулегнато. Транспортерот треба да можеш да го ставиш и на количката (тркалата) и на isofix база во кола, а и без база во кола ама секој пат мора да го врзуваш со појас што е доста гњавење.

Пази лесно да се склопува количката и да е што полесна ако треба да ја качуваш по скали т.е. жена ти повеќе ќе ја качува него ти.

Разгледај во bebehome.mk - Maxi cosi е сјајна марка иако е доста скапа, за твојот буџет види ја Zelia 3, а ако можеш да отидеш во продавница прашај ги се што те интересира и дрднај ја секоја количка за да видиш што ти одговара.

Обавезно купи и торба за бебешки ствари - пелени, цуцли шишиња и сл. Купи термос за кога ќе треба надвор да направиш дохрана (ако треба дохрана).

За бебешки кревет ако не си купил - топла препорака за било која од Chicco next 2 me, барем за првите 5-6 месеци.

И почни да купуваш хемија - Мустела првенствено - viafarm имаат добри цени и доставуваат низ цела МК.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12921 на: 30 Мај 2023, 22:55:52 pm »
Мамички хелп!

Денес гледавме колички за бебе, веќе влегваме во 6ти месец.
Од она шо видов и спрема буџет изборот паѓа на овие две:

https://www.encimenci.com.mk/kolichka-polly-3-in-1-black-moni-0665850699
Ова личи помодерно ама е погломазна кога е склопена.

https://www.encimenci.com.mk/kolichka-trio-sprint-w-o-kit-car-sandshell-chicco-791754300
А оваа е покомпактна а за таа цена има и плус седиште за во кола.

Е сеа прв пат ми па немам појма на шо треба да се обрни внимание.

Секој совет е добродојден.

Здраво.
Јас би ти препорачал https://www.libertabebecentar.mk/kolichki/bebetto
Јас лично ја имам Бebetto модел Holland (постар модел да оваа https://www.libertabebecentar.mk/kolichki/bebetto/bebetto-holland-3-in-1-siv-ram?sort=p.price&order=ASC)
и сум презадоволен.
Активно ја користам веке 4 ипол години, 2 дечиња, и се уште си функционира супер.
Главен дел е седиштето на спуштање. јас го користам нон стоп, квалитетни материјали, лесно се вади става и јас го вадам ставам во кола сосе детенцето внатре.
Корпата ја користев за првото дете кое се роди зимно време, и првите 2-3 месеци живееше во корпата. За второто дете, кое се роди летно време не ја ни искористив воопшто.
Јас за земав околу 28к, гледам сега е доста поскапена.
Количката е тешка, и цврста.
Овие кој ги покажа на линк горе ке се расклацкаат за некој месец, а не верувам дека ке ги искористиш здравје за второ детенце.
Со среќа потрага.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12922 на: 30 Мај 2023, 23:05:34 pm »
Мамички хелп!

Денес гледавме колички за бебе, веќе влегваме во 6ти месец.
Од она шо видов и спрема буџет изборот паѓа на овие две:

https://www.encimenci.com.mk/kolichka-polly-3-in-1-black-moni-0665850699
Ова личи помодерно ама е погломазна кога е склопена.

https://www.encimenci.com.mk/kolichka-trio-sprint-w-o-kit-car-sandshell-chicco-791754300
А оваа е покомпактна а за таа цена има и плус седиште за во кола.

Е сеа прв пат ми па немам појма на шо треба да се обрни внимание.

Секој совет е добродојден.

Внимавај на рачките од количката, доколки си висок рачките треба да се подесуваат за да не си свиткан додека буташ, тркалцата задни/кај рачките никако дупли, туку доволно раздалечени за да не ги клоцаш и да се сопнуваш.
Гледај лесно да се склапа/расклапа, и да фаќа малку место. Сега ти е кеиф и сакаш да е помангупска ама за кратко време ќе плачеш ако не е практична.

Јас имав количка од Бебекомфорт и супер си го отслужи своето за моите две деца, сега внука ми расне во неа и сеуште одлично си служи.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12923 на: 30 Мај 2023, 23:52:01 pm »
Не е попаметно на старо да купиш ваква работа, колку ќе е амортизирана во две години користење, вероватно ич или нешто ситно не запримерливо, а цените се како кола да земаш за малото. Глеј таму освен фенси шменси и шо гуми има, другар ми не знам шо марка е, ама скапа  им е и тоа салам количката,  абе се одроди од пари за гуми внатрешни менвање, секое излегвање низ корзо до парк се дупи гума, па нема на лагер па нарачки преку Скопје,па таму монтажа, курци палци, еден куп нерви, мислам дека успеаја да најдат полни гуми од Грција или негде др. На крај.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12924 на: 30 Мај 2023, 23:54:49 pm »
Е сеа прв пат ми па немам појма на шо треба да се обрни внимание.

На парите, златен.

Транспортер е многу добра ствар.

У однос на самите коли - ќе ти треба една за на топло + една за на ладно.

Немој да лупаш пари еден куп жити мене...
И да ги испокршиш додека прооди - да не те боли петагата после - тоа е целата поента.

А, ќе возат добро сите - без разлика на цена.

Само би додал, за летна бирај што е можно полесна некоја да биде, буквално со два прста да ја дигаш.
Затоа што при сите тие навигации и оние ебени женски идеи "Еј ајде уште до оваму, еј ајде уште до онаму!" ќе сакаш количката да тежи 200г затоа што ТИ ќе буташ... :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12925 на: 30 Мај 2023, 23:57:40 pm »
Не е попаметно на старо да купиш ваква работа, колку ќе е амортизирана во две години користење, вероватно ич или нешто ситно не запримерливо, а цените се како кола да земаш за малото. Глеј таму освен фенси шменси и шо гуми има, другар ми не знам шо марка е, ама скапа  им е и тоа салам количката,  абе се одроди од пари за гуми внатрешни менвање, секое излегвање низ корзо до парк се дупи гума, па нема на лагер па нарачки преку Скопје,па таму монтажа, курци палци, еден куп нерви, мислам дека успеаја да најдат полни гуми од Грција или негде др. На крај.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk



Премногу емоции внесуваат сите во срањево...
Или барем кога се работи за прво дете.
Ставот "Сакам ново да му купам" е аксиом, не само став, за жал...

Во идеален свет, сите би примиле подарок од ближен, ама не е баш така.

До сега сум нудел: количка, креветче, додатоци некои странични, ебемлига... никој нејќе :)
А сите во комплетно исправна состојба, ни грепки немаат...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12926 на: 31 Мај 2023, 00:01:16 am »
Мамички хелп!

Секој совет е добродојден.

0-6 месеци мора да е во корпа - да е легнато, а некој саат смее и во транспортер - полулегнато. Транспортерот треба да можеш да го ставиш и на количката (тркалата) и на isofix база во кола, а и без база во кола ама секој пат мора да го врзуваш со појас што е доста гњавење.

Пази лесно да се склопува количката и да е што полесна ако треба да ја качуваш по скали т.е. жена ти повеќе ќе ја качува него ти.

Разгледај во bebehome.mk - Maxi cosi е сјајна марка иако е доста скапа, за твојот буџет види ја Zelia 3, а ако можеш да отидеш во продавница прашај ги се што те интересира и дрднај ја секоја количка за да видиш што ти одговара.

Обавезно купи и торба за бебешки ствари - пелени, цуцли шишиња и сл. Купи термос за кога ќе треба надвор да направиш дохрана (ако треба дохрана).

За бебешки кревет ако не си купил - топла препорака за било која од Chicco next 2 me, барем за првите 5-6 месеци.

И почни да купуваш хемија - Мустела првенствено - viafarm имаат добри цени и доставуваат низ цела МК.
Maxi Cosi +1, користена беше до 3.5г, лесна за пакување, лесна за возење, издржлива, доживотна гаранција. (Кај нас се откачи едно федерче од рачката на корпата, ја заменија без збор).

Среќно во купувањето :)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12927 на: 31 Мај 2023, 07:03:03 am »
Најбитна работа кај количка за бебе, се големи тркала на пумпање. Освен ако не сакате бицепси и трицепси да јачате, и да се влечкате ко чергари по скали и тротоари. Обично им се вадат задните тркала, алуминиумска конструкција и ги собира речиси во секој гепек. Ги викаат „џогинг стролерс“ на западот.

Вакви и слични:


Све друго е заебанција и мачење. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12928 на: 31 Мај 2023, 07:26:01 am »
Мамички хелп!

Секој совет е добродојден.

0-6 месеци мора да е во корпа - да е легнато, а некој саат смее и во транспортер - полулегнато. Транспортерот треба да можеш да го ставиш и на количката (тркалата) и на isofix база во кола, а и без база во кола ама секој пат мора да го врзуваш со појас што е доста гњавење.

Пази лесно да се склопува количката и да е што полесна ако треба да ја качуваш по скали т.е. жена ти повеќе ќе ја качува него ти.

Разгледај во bebehome.mk - Maxi cosi е сјајна марка иако е доста скапа, за твојот буџет види ја Zelia 3, а ако можеш да отидеш во продавница прашај ги се што те интересира и дрднај ја секоја количка за да видиш што ти одговара.

Обавезно купи и торба за бебешки ствари - пелени, цуцли шишиња и сл. Купи термос за кога ќе треба надвор да направиш дохрана (ако треба дохрана).

За бебешки кревет ако не си купил - топла препорака за било која од Chicco next 2 me, барем за првите 5-6 месеци.

И почни да купуваш хемија - Мустела првенствено - viafarm имаат добри цени и доставуваат низ цела МК.
Maxi Cosi +1, користена беше до 3.5г, лесна за пакување, лесна за возење, издржлива, доживотна гаранција. (Кај нас се откачи едно федерче од рачката на корпата, ја заменија без збор).

Среќно во купувањето :)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk
И од мене препорака за maxi cosi. Ние ја имаме plaza+ и овој транспортер:

https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-%d0%ba%d0%b0%d0%b1%d1%80%d0%b8%d0%be-%d1%84%d0%b8%d0%ba%d1%81-%d0%b5%d1%81%d1%81%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8%d0%b0%d0%bb-%d0%b1%d0%bb%d0%b5%d0%ba/

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #12929 на: 31 Мај 2023, 09:14:08 am »
Со лесно на клаберот....

Може да прашува колку сака, на крај фемина форумот ќе му пресуди што да купи.
Јас среќа најдов количка од блиски,зимска, па ја користев до 1 год, после тоа земав летна ФриОн ја користев уште малку,
Да напоменма дека зимската беше со траспортер кој се монтира во кола и на количка