Дечки, уште еднаш фала на сите. Кој нема, да си купи, кој има со друга убавина да му се враќа...
@Deni Колата беше тука, ја земав од лагер. Се чекаше царина и уште некои ситни зафати, и најбитно - финансиите да се средат.
@Busav Уште пред нова година почнав поинтензивно да се интересирам за нова или "скоро нова" кола, само плановите се одложија ради финансискиот аспект. Уште од прв момент беше опција Цитроен, Пежо или Опел (у поглед на разработена шема на мајстори, делови и слично). Првичната идеа беше да најдам добра, саглам кола, не постара од 5 години. Бројот на такви коли е реално многу мал, ретко се начекува и изборот е ограничен, башка треба да си спремен со пари - одма. Цените се и така - и така у плафон, па кога и онака ќе фрлам повеќе пари, решив да го извлечам буџетот уште малце, и да земам ново. Е кога дојде момент НОВО, Peugeot 208, Opel Corsa и C3 беа у игра... На момент Skoda Scala ми замати памет, ама отпадна од игра од други причини. Во меѓувреме Цитроениве беа единствени на лагер, и најпристапни со цена. На госпожата воедно уште од старт највеќе и се свиѓаше, и тоа е тоа. Иначе е C-Series ниво на опрема (или Feel Pack од претходната година), со некои додатоци од повисоките нивоа на опрема.
@Boshe експертски мислења не ми требаа, ми требаше мислење од лично искуство, и јас да отидам да видам, мене да ми се свиѓа. За тоа, го имав правиот човек,
@zeroSignal , го испозамарав неколку пати, слушнав убави зборови, и тоа беше крајниот момент за дефинитивна одлука.
@Diesel на такви коли, избор колку сакаш

Бев скептик за мал турбо бензинец, додека не пробав. Пробав пред нова година една Ibiza од Toyota половни возила, 1.0TSI 115кс, и ми остави доста позитивен впечаток. Тука се пројави повеќе интерес околу турбо-бензин (на страна муабетот што од секогаш сум бил бензинец-фан).
btw, денес ја земав. Ама се беше на брзина, немав време многу да одвојам и да се посветам. Деновиве некоја сликичка, и ќе ја претставам соодветно во гаража.

За сега, некое сликиче, колку да не е без ич.
уште еднаш, фала на сите. се што ќе посакате, да си купите.



