Си купив...
Овој сет го купив само ради глупите spline шрафови за седишта кај ФауВе групацијата. Никаде не можев да ги најдам само нив... Поточно, ги најдов, во Разнопромет Струмица, на МаксПулс, ама беа 450,00 денари, и имаше само три клуча со различна големина. Вака, го решив за навек и spline, и торкс и имбус. 40 парчиња е сетот, ги има сите големини.
Малку сум разочаран од мерачот за дебелина на лак, пошто кажува во некоја глупа мерна единица - mil, и во милиметри. Пошто милиметри е преопширно, на сите површини покажува 0.2. Во mil, колку што можев да чачнам денес по интернет, 1 mil е 25.4 микрони, што по конверзија, лакот на Астрата се движи негде од 130 до 170 микрони, што мислам дека е нормално.
Ќе се информирам повеќе деновиве.
Нарачав и ударен шрафцигер, ама немаа на лагер, за 10-тина дена ќе ми пратат посебна пратка.
Без тоа, 5.000,00-ки. Со него, 5.600,00.
Добро се истресов.