Јас би да се купи товарен Sprinter, да се има алат и да се средува по ќеиф по многу изгледани видеа и идеи. Тука според мои пресметки во најмала рака не би ме раскрстиле 10.000 европски.
Само кај нас има неколку проблеми... Нема мајстори што би можеле да изработат како што сакам, или ако ги најдеш ке те кошта дупло поскапо да отидеш до Германија, да го средиш и да се вратиш. Нема место за кампинг (пример со камионот од видеото погоре) за разлика од странција. Далеку од тоа дека немаме убави места и ние, ама сепак... Друга работа е што ние немаме култура никаква за овие работи, како што рече Зеро за Германците. Кај нас да паркираш и да се стокмиш за кампинг, многу е голема веројатноста дека ке се разбудиш без шатор, без гуми на колата/комбето и ред други работи...