Јас правев (ми правеја) кујна пред пола година и се уверив во висината на цените, а верувам сега се уште повисоки. Кај мене е Егер иверица и соленка беше.
Како инда е, померодавен муабет од другар кој изработува кујни:
- Абе прилично поскапа е и најевтината, турската најобична иверица. До лани не можев да престигнам со работа, сега има одмор. Работна рака не сменав, работам по иста тарифа по која што работев до сеа (не е од оние мајстори кои правопропорционално зголемува работна рака со висината на цената на материјалот, си има тој метод, толкава кујна, онолкава кујна, материјалот настрана), ама ко ќе напрајме есап плус материјал, есапо не му се бендисва...
Муабетот ми е, поскапено е прилично, како и се друго.