Пореална цена би била 7500-7600, чисто ради 214ккм. Иначе не е фејслифт 2008-2012.
https://www.auto-data.net/en/bmw-3-series-sedan-e90-320d-177hp-automatic-dpf-17946- Модифициран ауспух, сигурно е сечен оригиналниот (елипсовидниот?) и швајцувани близнаците (поголеми од оригиналните). Црни се значи отишло ДПФто.
- M-tech преден и заден бампер.
- Задните штопови се менувани.
- Внатрешниот трим е лепен со карбонски винил, сигурно под него е дрвениот трим.
- Грилот сменет.
- М-спорт суспензија?
Мене лично ми е интересна додатната опрема кај оваа Е90-ка: Би-ксенон фарови (адаптивни?), Ајдрајв, Аутоматик, М-спорт волан и спортски кожни седишта (греачи на седишта?), панорамскиот кров е одличен а и бојата исто.
Сѐ на сѐ убав примерок, само доколку е сервисиран како што треба, оти на таа километража веќе ќе почнат да откажуваат повеќе делови како термостати, водна пумпа, греачи и релеј, и најбитно ланецот ако е N47 моторот.
500 евра секако ќе се фрлат на него во првата година-две.