Имаме дома неколку кубици, веќе 6-7 години така седат откако се испокупија климите.
@Boshe да, Тренк е печката. Мислам дека треба да е v2 според тоа што го видов во продавницата, немаше декларација да видам за сигурно.
Добра печка е според се што најдов на нет (Русите имаат доста ривјуа на јутјуб). Примарен довод на воздух од горе и доле кај прозорчето, секундарен довод од позади, и горен одбојник преку 90 од хоризонталата. Калено железо, ама не монолитна туку во модуларна изведба - едноставно за менување оштетени делови во иднина... Не дека би требало многу да ја користам, зимава ако има зорт и онака понекогаш од кеиф.