Си купив полна кутија делови за фамилијарната Ксара.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
- Мал сервис, филтрите околу 800 денари комплет, маслото 1300 мислам
- Голем сервис, Gates каиши со Febi ролери и Valeo водна пумпа, 6000 рамно + антифриз (не знам колку ќе кошта тоа)
- Цела предница, Teknorot/Febi (се што е движечки дел во предницата, 3800 денари комплет
- Последниот држач за мотор/менувач, другите сменети пред 2 години, 750тина денари.
Ова поклон за колата од мене, уште трапот да си го среди татко ми и да не ја мислам во следни 3-4 години.
Фала му на @Prcot што ме снабди со осетно поефтини делови и со трпение ми кажа цени за се што требаше.
Ставено се ова денес, плус:
- сменет целосно глицеринот во кочниците
- сменет антифризот
- ставен кожниот волан (7 месеци откако го купив, а го барав 2+ години)
- центрирана предница (ќе оди на рекламација, на криво го наместиле воланот)
Утре/задутре ќе ми стигне механизам за прозор со моторче (моето е изгледа капут) и од истата кола забележав дефлектори за предните прозори, ги порачав и тие (за 300 денари ќе ги пробам, можда ќе ми се свиѓа како стојат).
Се на се, прво поголемо вложување после 4 години верна служба. Ми легна колава иако е бездушен француски шитбокс
EDIT: Колку ви наплатиле работна рака за слична интервенција? Пример голем сервис со ваши делови, или промена на сите делови од предницата, или промена на глицерин...