Матадор се минимум три класи подобри од тие ахил. Мене па до сега најмногу ме разочарале мишелин, данлоп и континетал (сите три во летно издание и сите три на различни коли сум ги имал) па не правам будала од некого што ги преплатил овие три бренда само затоа што на кола од 50 коња која од автокоманда не видела подалеку не можело да се направи компромис со да кажеме поевтини а многу пати се случувало и подобри гуми како ханкок, вредештајн, фулда, униројал итн. Секоја чест за исклучоци на форумот што возат пилот спорт сигурно до Охрид ќе успејат да ја загрејат гумата на температура од да кажеме 7 степена. Ама кога ќе се загрее има да лепи ко луда. Уствари нека си прави секој кој што мисли дека е исправно, само влегувате во две крајности. Или се оди на најевтин можен бренд или на најскап можен бренд. Средина нема. И она македонското ако ја сум платил за нешто скапо, по дефалт се друго поевтино е крш тежок или ако сум купил нешто за безпари автоматски сум ги заебал тие што платиле многу поскапо за нешто што не е подобро.