Нарачав два магнетни држачи, ама со лепенка, зошто ако на француските вентилациски отвори закачам телефон, по итна постапка ќе се искршат од прво до последно 
Стигнаа за 20 дена од нарачка, едниот се залепи во кола, другиот го нарачав зошто ми требаше металната плочка од него, за друг телефон.
Кратко ривју: телефонот тежи негде 130-140 грама, толку е и другиот што го користи држачот. До сега, по автопати, магистрални патишта, кривини, градски кратери и слични македонски патишта, телефоните не се ни помрднуваат од држачот. Читав ривјуа под продуктот на Алиекспрес, се жалеле луѓе од паѓање на телефони, и си викам ај за 90 денара ризик јак - мила душа.
Изненаден сум што држат толку јако, и ако немате цигла од телефон, односно е тежок околу 130-140 грама, со гаранција ви кажувам дека ќе стои без проблем.

За потешки телефони, ако се со рамна заднина, сигурно ќе ги држи (ама не давам гаранција како за другиве)
