Од една страна камионџииве ве жалам, налет.
Ама од друга страна, па светот го видовте и не ви виси некој над глава цел ден.
@МАРЈАН Уште не ми е јасен муабетот со Шкотска
Работата е тешка многу, ама мене не ми е проблем, навикнат сум на 5-6 саати сон и 15работни саати секој ден. Тоа дека сме го виделе светот држи ама до некаде, најчесто ја гледаме таа страна што не е прикажана на филм и разгледници. Шефови има и тоа заебани, гледаат како да те заебат да најдат нешто да те казнат или да не ти платат ама отрпнат сум. Најдоброто за мене е што не седам на едно место, не се знае кај ќе ме раздени кај ќе ме стемни што ми се допаѓа. Пред да полнам да возам имав работено во канцеларија, за плата одлична, ако останев требаше да се мрднам од умот. Не е тоа за мене, си сакам јас камион.
Не знам што за Шкотска мислиш, немам прочитано никаде?
Тесла, за новите волва, еуро 6 смени 3 мотори, се споија и со рено, и имаат проблеми со електрониката. Има премногу електроника, во цел камион околу 60км кабел. И се некои главоболки јавува и троши многу ад блу, а и за нафта не е економичен. Старото еур 5 волво нема смрт, малку електроника и добра механика. Волвата еур 5 ги знам скоро детално, на кои километри што страда, знам голем дел од работите и да ги променам затоа што е едноставно направено.
Се мислев за мерцедес затоа што малку трошат 450ките, ама не оди, на нагорно ако волвото излегува со 80 овој со 60-55, што некогаш ми значи. Затоа и малку троши оти не оди. Едното од волвата пто ги имам од 480 у грција го направив 560 со нова турбина комплет, троши 1-2л фазла ама не знае нагорно ли е или рамно.
Sent from my Samsung s8+ using Tapatalk