Го мерачев оддамна...
После доста мислење и думање, се решив и го земав...
Mi 9T Pro, 6/128GB
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Sent from my Mi A3
Честита !
Што ќе кажеш за камерата ?
Фала. Прво, земи го у обзир фактот дека камерата никогаш не ми била пресудна при избор за телефон, воедно, никогаш не сум бил човек што фрлал превише пари на телефон, од типот flagship телефони.
Е сеа, можам да кажам дека камерата, за мој вкус, а и за парите, е одлична. Особено со инсталирана gcam апликација. Тврдам, дека разликата во споредба со flagship телефон од + 400, 500 па и повеќе евра, не вреди.
Денски, на светло, одлични слики. Ноќе, просечни, некогаш и под просечни. Ама па, инсталираш gcam, имаш Night Scene, и телефонот се враќа у форма. Слики - повеќе од солидни.
@KaZaN , ќе сакаш накратко да споделиш искуство со тој што го продаде (Mi A3)? Во поглед на камерата, трајноста на батеријата и дали смета послабата резолуција на дисплејот (јас мислам дека не смета, ама не сум го користел, па мислење од тебе е повеќе од добредојдено).
И со здравје да си го користиш новиот, па чекам импресии и од него
Мi A3, за парите е одличен пакет од телефон. Го користев скоро 2 месеци, за тие 2 месеци немаше ниту една работа да речеш да ме разочара.
Камерата супер. Ultra Wide камерата не е нешто да паднеш у несвест, али главната и комбинацијата за portrait слики се супер. Инсталираш gcam, и станува уште подобра.
Од батеријата исто така бев презадоволен. Телефон со најдлготрајна батерија што сум го имал. Повеќе траеше и од Redmi Note 4x, и од Redmi Note 5 AI, и од Redmi Note 7, па и од Mi 9T Pro. Верувам дека софтверот, а и резолуцијата на екранот имаат доста удел во долготрајноста на истата. Ќе го извадам од полнач сабајле, во 5:30, за на работа. Ќе се вратам од работа, ќе изиграм некоја партија Call Of Duty Mobile, и вечерта ќе ми остане 30% минимум. Некогаш и повеќе.
Екстра брз е, нема кочење, сецкање или успорување. Работи брзо и глатко у секоја ситуација.
Мене лично, резолицијата на дисплејот не ми сметаше. Не осетив некоја приметна разлика у споредба со телефонот пред него на пример (Redmi Note 7, FullHD LCD). Е немаш опција 1080p на Youtube на пример и такви некои ситници. Али генерално, не смета. Барем не на мене. Нит за видео, нит за игри, нит за слики, нит за чисто онака чепкање по телефон, социјални мрежи и слично. Таман си беше.
И на крај, фала за честитките. Поубав да си купиш
Импресии, после неколку дена, ОДЛИЧЕН Е. Екстра брз, убаво лежи у рука, батеријата уште не е оформена за да резимирам, дисплејот одличен (сваќаш што си пропуштил додека си имал телефон со notch), камерата супер. Веќе доби Android 10 update... За мој вкус, одличен! Вреди за секој денар.