од портабл звучници, само џи-би-ел ги признавам за квалитетен звук. рамо до рамо се со сони и панасоник, ама мене ми е по драг, а неам појма зашто, поготово кога се знае дека сум фан на пионер озвучување...
конкретно, јас го имам ова:
https://www.jbl.com/flip/JBL+FLIP.htmlа и брат ми, само бела боја... тестирано е дека со неговата полна батерија и со ПАЗАРСКИ
соларен полнач со батерија (500 денари, зелен пазар), тера без престан, вклучително и мобилен приклучен на соларниот...
цена? е тро соленко е, околу 150 еура, ама си вреди за парите... звукот е перверзија, вади бас зачудително силен. навечер на пример, не смееш да помислиш да го пуштиш повеке од 25% ако си надвор, ке те гаѓа некој со компири или јајца. продорен и динамичен звук има, доста далеку се слуша... сепак збориме за JBL, не збориме за кинеска пазарска направија, а батеријата, свакка и част, толку време е звучничево, нема изгубено ич од долготрајноста...
ги купував и ја некои такви пазарски евтиноќи, нит звукот ми се свиѓа, нит батерија држи како што треба, а да не збориме дека ако го заборавиш на сонце подолго од 30 минути, најчесто прегорува или барем ке се исклучи некое интегрално коло... сватив дека боље е да опнеш еднаш паричка и да го купиш како што треба па да те тера... мојот го имам 3-та или 4-та година, братот 1 година пред мене го зема. и двете се во фул кондиција, и двете се користат постојано. кај мене и децава го малтретираат кога се шетаат надвор, значи скоро и да не е изгасено, скоро секој ден се користи... а лето кога доаѓа, вода+плажа+песок, не се гаси воопшто...
едит...
линкот погоре е од jbl flip, првиот модел... тој го има братов. јас го имам jbl flip 2... малку по нов модел, има некои ситни разлики ама начелно тоа е тоа, и изглед и перформанси скоро исти.