Неповрзано со куповината на Боки, од ваше искуство дали во државава постои некој законски рок каде можеш да вратиш производ иако е користен - рецимо 3 дена? И дали воопшто продавнициве го почитуваат тоа?
3 до 6 месеци беше и сеуште е мислам ама појди и кажи им, ако не го вратат ДПИ и ќе завршиш работа.
За враќање „без прашање“ мислам дека далеку пократко.
Практично за тоа и ми се однесуваше прашањето, купуваш производ (пример телефон), го користиш 3-5-7 дена и сфаќаш дека не ти одговара, па сакаш да го вратиш. Тоа после 3 месеци враќање лично јас го оправдувам само поради дефект или неисполнување на технички спецификации. После 3 месеци они немаат што да прават со уредот затоа што ја содржи мојата пот, секојдневни траги од користење и слично. По 3 дена ако го вратиш, може даго препакуваат и продадат повторно зошто сепак сеуште е нов.