Екранот е стакло панчево - Retina IPS 2048x1536, изненадува колку реален приказ на бои има, две класи над тој во HP-то. За тачот е просек, односно тоа стаклото врз тачот некако не е баш мазно ко на iPad или на скап телефон ко Note4. Во секој случај се на се таблетот е одличен, а пак за парите, 11К денари, вреди далеку повеќе. Негативно е што нема апдејти, има ставено Android 4.3 со мод, а има и мод за 4.4 само што тогаш ќе го чита како 16GB flash, не како 32GB. Се на се, за децата е повеќе од одличен, доста подобар од HP-то, но и доста потежок. HP-то им е поедноставен затоа што е помал и многу полесен.