Сакам и јас да си земам машина за кафе ако начекам нешто со добра цена деновиве додека е Black week. Има еден куп брендови и појма немам што е добро што не го бива, а немав време периодов да се зачитам и истражам, па барам совет што да гледам, кои марки и модели? Пиеме кафе со млеко дома, по 3 на ден, па би било фино да има и вграден сад за млеко, да не треба од тетрапак млеко да зима со цевче. Не е исклучено и да се префрлиме на еспресо, ама добро е да има опција и за млеко. И најбитно, да е едноставна за користење, да нема премногу замарање околу припремата на кафето.