Додека се мислев да менувам свеќици тука или во Македонија (да не чепкам пред патување нешто што си работи), сепак ги сменив.
Целата процедура ја извршив сам. Новите се купени од БМВ (внатре беа Bosch High Power), извадив НГК Иридиум.
Навојот намачкан со малце бакарна маст, затегнати на 29 Нм (по пропис е 30Нм плус минус 3).
Запалена, поработи во место околу две три минути, склопено се. Прва импресија, работи уште помирно и потивко. Јас сум пријатно изненаден.
Еве што извадив. До последен момент работеше колата исто како денот кога ја купив.