Автор Тема: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин  (Прочитано 5980 пати)

Отсутен jarec1983

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« на: 14 Октомври 2014, 22:20:42 pm »
Здраво, едно прашање до вљубениците на автомобилите

Се работи за Peugeot 307 1.4 16v бензин 2006 со неполни  60k поминати, денес на палење ми се појави следната порака на борд`Anti pollution faults' и постојано свети check engine сијалицето. поминав 20 км денес низ град и возилото се однесува сосем нормално освен што свети сијаличето и пораката стои на борд. Што би можело да е проблемот. Овластениот ми закажа дијагностика за некој ден....

Однапред благодарам на одговорите!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #1 на: 14 Октомври 2014, 23:49:29 pm »
Претпоставувам дека е проблем со ламда сондата под (или позади) катализаторот, или самиот катализатор испуштил душа (не е чудно, сум видел  стопени катализатори и на коли со помалку километри).

Таа сонда служи за проверка на работата на катализаторот, а тоа го прави во координација со сондата(ите) што е(се) пред катализаторот. Додека онаа пред катализаторот работи во некој релативно агресивно осцилирачки режим, оваа вторава треба да дава прилично констаннта вредност на напонот, ако е се` во ред со катализаторот.

Како и да е, штом имаш закажано дијагностика, ќе прверат таму што е. (Може да е и до горивото?!)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #2 на: 14 Октомври 2014, 23:50:21 pm »
Цитат
The peugeot 307 doesn't have clamps holding the exhaust system up, it is attached to the car via two rubber mounts. Welded rods on the back box push into these mounts. The side facing mount/bung had broken.

This revealed that where the pipe had come away had been corroded and with the corrosion facing the underside of the car, it was impossible to spot.
£40 outlay for a new mid pipe section and a new rubber bung later, we now considered with some urgency, selling the car and buying one "that works"

I drove out from the exhaust centre with a long trip to Liverpool due that afternoon.
The anti pollution fault? Gone!
The fault with the lights and the boot not closing etc, gone!
The engine management lights, the dashboard knocking off, the airbags deactivating, all appear to have gone!


So if you have the "anti pollution fault" and various electrical faults on your peugeot 307, before you do anything else, get a garage to remove your exhaust from it's rubber bungs and check the underside, car facing part of your exhaust!

Chances are your exhaust is corroded somewhere and it is sucking in air causing the fault!

http://www.frugalways.co.uk/life.php/peugeot-307-anti-pollution-fault-solved

Кај човеков испаднало дека е проблем со корозија на издувниот систем. Однеси го на канал негде, направи детална инспекција на подвозјето да не е истиот или сличен случај и кај тебе.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #3 на: 15 Октомври 2014, 00:00:03 am »
Можно. Ако „дише“ од некаде ауспухот, ќе има повеќе кислород на втората сонда, а тоа сондата го интерпретира како дефектен катализатор. Отприлика, кој учел хемија во средно ќе му биде јасно:
Цитат
A three-way catalytic converter has three simultaneous tasks:
    Reduction of nitrogen oxides to nitrogen and oxygen: 2NOx → xO2 + N2
    Oxidation of carbon monoxide to carbon dioxide: 2CO + O2 → 2CO2
    Oxidation of unburnt hydrocarbons (HC) to carbon dioxide and water: CxH2x+2 + [(3x+1)/2]O2 → xCO2 + (x+1)H2O.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #4 на: 15 Октомври 2014, 09:05:20 am »
Можно. Ако „дише“ од некаде ауспухот, ќе има повеќе кислород на втората сонда,

Okej тоа со хемијата, ама не ми е јасно како ке има повеќе кислород ако има дупка на ауспухот? Не дупка него дупче, пошто за да стане дупка, треба да скапе све.
+ од ауспухот излегуваат издувни гасови а не се вшмукуваат, логично.
Така да малку ми е нелогично ова твоево дишење.

Многу пологично е да е кородиран делот кај сондата, или самата таа, па наместо да одчитува исправни вредности, исчитува погрешни па ги праќа на компјутерот.
А можеби и има нокој проблем со смешата што не согорува како што треба па некоја од сондите тоа го регистрирала и јавила проблем.
Или пак може да е стопен катализаторот, ако користел 98-ца наместо 95-ка, доколку во упатството е наведено дека препорачано гориво е 95 а не 98.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #5 на: 15 Октомври 2014, 09:53:30 am »
диење кислород е термин кој го употребуваат безвезе.. фактот е дека со дупка на ауспухот, се намалува количината на гасови што проаѓаат низ сондата и таа алармира. вториот момент е на помалаколичина гасови, истите повеке се исчистуваат низ катализаторот, а тертиот момент е корозијата внатрешна, која кога согорува испушта и друг тип на гасови.. тоа е хемијата.. начелно се менуваат параметрите на издувните гасови па сондата реагира...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #6 на: 15 Октомври 2014, 09:58:06 am »
Една слика 1000 зборови:



Ај уште два збора: рачунај дека катализаторот е проширувањето десно на сликата, а лево е ауспуот. Стеснувањето е цевката на кое што е дупчето (отворот) и сондата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #7 на: 15 Октомври 2014, 10:20:30 am »
На твојата слика дупчето е на проширувањето, а не е на стеснувањето.
Да е на стеснувањето никогаш нема да направи вакум.
А вакумот може да го направи доколку е на проширувањето позади стеснувањето заради создавање на таканаречени вртлози, а и за нив треба многу услови за да се створат...
Најпросто земи едно црево со вода,земи две пластични флаши, направи им влез излез, врзи ги како систем ауспух и пробај да направиш вакум како на сликата.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #8 на: 15 Октомври 2014, 10:29:52 am »
Сликата беше од илустративен карактер, ме мрзи сеа да цртам. Како и да е, Вентуриевиот ефект се јавува во ауспухот, тоа од искуство ти го кажувам. Исто така, се јавува подпритисок и кога ќе отпуштиш гас, тогаш гасовите со поголема брзина се движат низ цевката отколку што излегуваат од граните.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #9 на: 15 Октомври 2014, 10:40:51 am »
Тоа е веќе друга состојба. Затоа и ти реков дека треба да има посебни услови за да се случи такво нешто, односно се спушташ по уздолница па се слуша баботењето во ауспухот.
Да не одиме од крајност во крајност,
Тука се зборува за нормален проблем настанат при нормално возење во нормални услови, односно при палење на возилото.

Ако почнеме за зборуваме за издуви, тркачки автомобили итн итн ке излеземе од темата, а муабетот ке нема врска.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #10 на: 15 Октомври 2014, 11:03:18 am »
Закажал човекот дијагностика, па ќе видиме ;) Јас само знам од непосредно искуство, дека може да се јави проблемот и со недобро задихтуван ауспух. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен jarec1983

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #11 на: 15 Октомври 2014, 15:41:16 pm »
Благодарам за советите, бев на дијагностика и решен е проблемот,  слаб акумулатор кој дава помал напон ана сензорите, греската избришана, акумулаторот наполнет и совет прошетајте малце низ Македонија да види колата отворен пат.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #12 на: 15 Октомври 2014, 15:45:34 pm »
Ете видиш, кај тебе испадна врска да нема со издувниот систем :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #13 на: 15 Октомври 2014, 15:51:55 pm »
Но затоа имаше со вредностите кои ги праќаат сондите до компјутерот. И тоа на палење пошто во тој момент напонот паѓа. И со самото тоа ја предизвикува состојбата за појава на грешка.
Како год, решен проблем.
:-)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Anti pollution faults Peugeot 307 1.4 бензин
« Одговори #14 на: 15 Октомври 2014, 21:23:29 pm »
толку кратки растојанија возел што ни акумулаторот не успеал да се допуни  :D