Автор Тема: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale  (Прочитано 5006 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« на: 12 Септември 2011, 22:21:38 pm »




Само што почнавме да развиваме теории дека на Lamborghini Gallardo веќе нема што друго да се додаде, и дека веќе делува некако „застарено“ покрај Ferrari 458 Italia, Италијаните кои го фаворизираат бикот наместо коњчето, го претставуваат Gallardo, во најекстремното издание до сега... Се работи за малечок автомобил, чиј испис на името речиси и не го собира на задницата - Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale.



Се работи за ограничена серија, од само 150 примероци, која својата премиера ќе ја доживее на Салонот во Франкфурт, кој започнува утре. Кај овој автомобил можеме да ги забележиме деталите карактеристични за возилата кои се натпреваруваат во Lamborghini Blancpain Super Trofeo шампионатот, кој се одржува на најпредизвикувачките автодроми во Европа. Имено, огромниот заден спојлер, кој може да се нагодува по желба на возачот, согласно со неговите возачки преференци, и хаубата, која може практично „да одлета“, благодарение на системот за брзо отворање. Целата каросерија е изработена од комбинација на карбон и алуминиум, па се подразбира дека новото Gallardo со голема леснотија ќе ги трча своите 570 коњи.



Само 3.4 секунди до 100ка, и неверојатни 10.4 секунди до 200 km/h, се перформанси кои практично го одземаат здивот... Спринтот трае се’ до 320 km/h!!





Gallardo STS се претставува себеси со новата "Rosso Mars" боја, односно моќната тркачка црвена боја, карактеристична за Италијанските тркачки автомобили. Rosso Mars, во комбинација со црните бандажи, и деталите од каросеријата изработени од карбон, чинат овој автомобил да изгледа пеколно добро, и рака на срце, многу застрашувачки. Ни Чак Норис не би останал рамнодушен на оваква глетка!



Истата комбинација на бои и егзотични материјали ја среќаваме и во исклучително спортската внатрешност.



За да не се посрамоти сопственикот на автомобилот со потенцијално најдолгото име во историјата на автомобилизмот, тука е V10 моторот кој, како што спомнавме претходно, развива 570 КС, на неверојатни 8000 вртежи!!! Па замислете си само, огромен V10 мотор, што врти речиси како култните VTEC мотори на Honda, кои ги красеа моделите како Integra, S2000 итн... Апсолутно фантастично зарем не? Се разбира дека „брзиот танц“ на големиот V10 мотор ќе биде проследен со соодветна звучна поддршка, карактеристична за Италијанските спортски автомобили.



Веројатно ако се направи соодветно мерење, ќе се дојде до заклучок дека V10-та во новото Gallardo е начинот на создавање на „црна дупка“, и тоа несомнено многу ќе им се најде на научниците од CERN во Швајцарија, кои упорно експериментираат на тоа поле. Силата се пренесува врз тркалата преку 6-степен роботизиран менувач и перманентниот погон на сите тркала. Веројатно би помислиле дека и стандардните сопирачки се карбо-керамички, но за жал, тоа не е случај. Тоа е овозможено со доплата, со која ќе добиете и заштитен кафез во кабината, безбедносни појаси со 4 точки на заклучување и против-пожарен апарат. За оние кои повеќе преферираат комфор, достапни се сателитската навигација, Bluetooth конекцијата со мобилен уред, алармен уред, и систем за подигнување на предницата, за преоѓање преку „заспаните“ полицајци.



Може само да се претпостави, дека ограничената серија на Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale ќе биде распродадена во најкраток можен период, иако се’ уште не е позната цената на овој фантастичен автомобил.

[автор: Кристијан Ивановски]
« Последно менување: 13 Септември 2011, 00:11:09 am velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #1 на: 12 Септември 2011, 22:25:10 pm »
Ауууу Ламбово какво е ауф. Бегај, не ја отварам оваа тема повеќе.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #2 на: 12 Септември 2011, 22:28:12 pm »
Батали тоа, на Нирнбургринг за колку врти ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #3 на: 12 Септември 2011, 22:29:17 pm »
Апсолутно небитно. :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #4 на: 12 Септември 2011, 22:30:10 pm »
Апсолутно небитно. :)
Море и мотор од Лада 110 да му стават супер ќе ми е. Сакам да го лижам.........

Отсутен bobson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 304
  • RB26DETT Z2
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #5 на: 12 Септември 2011, 23:02:53 pm »
Само хејтер може да каже дека ова не е убаво, супер комбинација на бои, чиста 10ка :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #6 на: 12 Септември 2011, 23:10:53 pm »
Се спрема 1.3 MultiJet за во ова Ламбо, па после ќе го пуштат на Нордшлајфе... Иначе нема поента...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #7 на: 12 Септември 2011, 23:11:13 pm »
Леле дај и оваа тема не ја повраќајте со корвета, молим вас.
Ламбово е секссссссссссссссс.........

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #8 на: 12 Септември 2011, 23:15:57 pm »
Znaci..ova e za 10 KS pomokno Gallardo od LP560?

« Последно менување: 12 Септември 2011, 23:20:03 pm Stratro »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #9 на: 12 Септември 2011, 23:16:34 pm »
Леле дај и оваа тема не ја повраќајте со корвета, молим вас.
Ламбово е секссссссссссссссс.........

Prijatelce..ne pisuvaj dezinformacii.:)
Sekogas pazime na OT, za razlika od mnogu drugi.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #10 на: 12 Септември 2011, 23:19:41 pm »
Леле дај и оваа тема не ја повраќајте со корвета, молим вас.
Ламбово е секссссссссссссссс.........

Prijatelce..ne pisuvaj dezinformacii.:)
Sekogas pazime na OT, za razlika od mnogu drugi.

Незнам ама штом се спомне кола за на пазар, или нешто слично за кола од класата на суперкарс, се` мислам дека темата ќе се прошири во тој правец ;D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #11 на: 12 Септември 2011, 23:21:35 pm »
Znaci..ova e 10 KS pomokno Lambo od LP560?

Toa ne se obicni 10ks.  Nareceni se 'Super Trofeo Stradale'  i cinat dodatni 50.000 $.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #12 на: 12 Септември 2011, 23:25:05 pm »
@Stratro: 10 КС повеќе и 70 kg помалце (според официјалните информации).

@LP: не го дрви веќе со Corvette (и/или дизел), си имаш теми каде можеш да си ги величиш, не мора да ги труеш сите теми со истиот муабет.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #13 на: 12 Септември 2011, 23:39:44 pm »
Зачистено. Задржете се на темата, и без шпекулации и глупости.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Lamborghini Gallardo LP 570-4 Super Trofeo Stradale
« Одговори #14 на: 16 Септември 2011, 15:51:23 pm »
лелеее ламбово е клецање, го глеав пред некој ден негде по нетов, тешка перверзија, хард кор порн ;D