Автор Тема: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI  (Прочитано 25977 пати)

Отсутен Darko_sk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« на: 02 Октомври 2014, 20:17:40 pm »
Здраво,

Ме интересираат мислења за овие два модела, позитивни и негативни страни.

Octavia 1.4 TSI Green tec (130 KW / 140 KS) - 16.260 евра, и

Octavia 1.6 TDI Green tec (77 KW / 105 KS) - 16.950 евра.

И двата модела се со ниво на опременост Ambition.

Поздрав

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« Одговори #1 на: 02 Октомври 2014, 20:28:01 pm »
Go for the diesel, zasto mislam deka benzinasot ne ke moze na plin da se konvertira, a diselot ke trosi pomalce, i e podokazan motor.

Inace dobar izbor e Octaviata kako vozilo.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« Одговори #2 на: 02 Октомври 2014, 20:35:18 pm »
Ни со една нема да згрешиш, ама за да можеме подобро да ти помогнеме, ќе треба да ни дадеш малку повеќе информации:

- Како планираш да ја возиш колата (на отворено, низ град)?
- Колку километри планираш да поминеш годишно?

Со бензинецот очекувај потрошувачка од околу 8.5 литри во град, со нормално (па и малку дефанзивно) возење. Со дизелчето околу 6.5-7. На отворено со бензинецот околу 7, со дизелот околу 5. Бензинецот е поефтин за сервис и има 6 брзини. Дизелот е нешто поскап за сервисирање и има 5 брзини (ако праиме муабет за мануелен менувач).

TSI бензинците се квалитетни, тивки и издржливи. Не би требало долгорочно да имаш никакви проблеми ни со едниот ни со другиот мотор.

Конверзија на плин е можна, но е скапа и заштедата не е толку голема како кај постарите бензинци без директно вбризгување на гориво. Од друга страна, кога ќе дојде ред да ја продаваш колата, дизелот значително полесно, побрзо и по подобра цена ќе го продадеш.

Октавијата е одлична кола. Сме ја тестирале во две различни варијанти и секогаш оставала максимално позитивен впечаток.

http://www.carclub.mk/2014/05/27/test-skoda-octavia-rs-tdi-ekonomicen-ceski-sportist-so-germanski-geni-i-dizelsko-srce/
http://www.carclub.mk/2013/06/20/test-skoda-octavia-1-2-tsi-105-ambition-dominantno-dobra/

Edit: Сега гледам дека ги цитираш официјалните цени. Тие сметај ги како сугестија, наместо како конкретна цена и сметај дека може цената да оди значително надоле и кај обете верзии.

Отсутен Darko_sk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
Одг: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« Одговори #3 на: 02 Октомври 2014, 20:44:48 pm »

1. Никогаш не сум возел кола на плин и не планирам да возам во скоро време. Значи кој модел може полесно да се конвертира на плин не ми е битно.
2. Претежно за низ град. Секако и на отворено, меѓутоа не многу често.
3. Отприлика не повеќе од 6-7.000 километри годишно. Максимум. Може и најверојатно помалку ќе бидат.

А кај кој мотор (модел) од двата горенаведени цената би идела надоле? :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« Одговори #4 на: 02 Октомври 2014, 20:48:38 pm »
Тогаш дефинитивно оди на бензинецот. Доплатата за дизел не ти се исплати.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« Одговори #5 на: 02 Октомври 2014, 20:53:53 pm »
Ама доплатата е многу мала како што напишал, околу 600 евра

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« Одговори #6 на: 02 Октомври 2014, 21:01:01 pm »
Не знам ништо за колите, но 1.4 TSI сум возел и одлични се. Дополнително мислам дека 4 години по ред ја зимаат engine of the year наградата во својот ранг.

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« Одговори #7 на: 02 Октомври 2014, 21:07:06 pm »
Kade, vo Germanija?
Si se pomesal so T jet izgleda :D
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« Одговори #8 на: 02 Октомври 2014, 21:12:33 pm »

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« Одговори #9 на: 02 Октомври 2014, 21:13:58 pm »
Не знам ништо за Германија. Колит тука сум ги возел. Passat и А3.
Наградата е на International Engine of the Year   во кетегорија 1.0-1.4 мотори.

http://www.ukipme.com/engineoftheyear/results.php?id=12
 
Ако мислеше на мене, гарант нешто ти си се помешал.

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« Одговори #10 на: 02 Октомври 2014, 21:20:33 pm »
Kolku kategorii ima, ne e ni cudno da osvoi nekoja nagrada. :D

Jas od linkot na Zero vidov deka international engine of the year overall e Ecoboost-ot na Ford.

Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« Одговори #11 на: 02 Октомври 2014, 21:21:57 pm »
Не знам ништо за колите, но 1.4 TSI сум возел и одлични се. Дополнително мислам дека 4 години по ред ја зимаат engine of the year наградата во својот ранг.

Награда зема и 1.4тси 160кс како најдобар, дрн дрн јариња и испадна нај проблематичен.

Така да не гледајте дали некој мотор земал награда, истражи колку е квалитетен!

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« Одговори #12 на: 02 Октомври 2014, 21:27:39 pm »
Јас би одел на дизел, не се заебаај со бензинот. Со дизел ќе си возиш раат.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Избор за нова Skoda Octavia TSI или TDI
« Одговори #13 на: 02 Октомври 2014, 21:28:13 pm »
Jas bi odel na benzin.Za dizel se smrt malce km godisno,i vo gradska okolina
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг:
« Одговори #14 на: 02 Октомври 2014, 21:35:31 pm »
Според планираната километража, оди на бензин. Бар тие 5-6 иљади км. годишно уживај во возењето :)
За перформанс и потрошувачка кликни на скликичето на потписот кај мене. Со тоа што ова е нова генерација TSI и има уште подобри карактеристики.