Автор Тема: Пежо 206  (Прочитано 6572 пати)

Отсутен balgam

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Пежо 206
« на: 23 Септември 2014, 22:39:26 pm »
Значи дечки вака  :) . Со оглед дека почесто патувам за викендите по некое време размислување едно 95% се одлучив да си купам пежо 206 дизел по можност ако најдам 1.4 хди. Незнам можи и некој ќе ме премисли ама сега за сега сум на тоа.За трошење би дал негде минимум 2000 евра и најдобро да најдам нешто асолно за та цена а макс едно 2500. Над таа цена од 2500 не ни почнувам да барам оди за тие пари има и други комбинации со коли така да би опаднала пежото ама ќе треба да се подзаглавувам во банки а то ни на крај памет не ми пага.Значи да резимирам... Пежо 206 дизел не е битно дали со 3 или 5 врати побитно ми е со клима дали има некој некаков предлог или знае за некој шо продава такво пред да почнам да се рашетавам по огласите и плацовите, за да ми се стесни изборот.Инаку не ми е за брзање,не сум без кола ама добро би било да си купам едно такво со време ;D.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20168
Одг: Пежо 206
« Одговори #1 на: 23 Септември 2014, 22:52:17 pm »
2.0 хди xs барај. Побрзо е од 1.4 а слично троши.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34225
  • Таков е животот... јебига
Одг: Пежо 206
« Одговори #2 на: 23 Септември 2014, 22:55:41 pm »
За 2000 евра? Сочувано тешко.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20168
Одг: Пежо 206
« Одговори #3 на: 23 Септември 2014, 22:56:22 pm »
А за над 2500 баш и немаш нешто поквалитетно да бараш.

Отсутен balgam

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Пежо 206
« Одговори #4 на: 23 Септември 2014, 23:01:03 pm »
За 2000 евра? Сочувано тешко.
Не мора фиксно 2000.Дадов како орентационо.Ако е некое добро и дал и повеќе ама некако дека се дизели а за тие пари макс до 2004 нешто можи да се најди значи се глобалата повеќе извозени,зато незнам на крај шо ќе излези

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6198
  • 69
Одг: Пежо 206
« Одговори #5 на: 23 Септември 2014, 23:02:01 pm »
1.4 и бензинче да начекаш ти се исплати.
Дури на старо е подобро да си најдеш бензин, одколку дизел со сомнително потекло.
Бензинец сочуван ке најдеш за 2500 евра, уште 500 за плин и си завршил работа.
Е сега, сочувано, што и како, зависи што бараш.
За некого сочувано е да пали и да вози, а за некого е да биде баш онака како што треба.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен balgam

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Пежо 206
« Одговори #6 на: 23 Септември 2014, 23:02:29 pm »
А за над 2500 баш и немаш нешто поквалитетно да бараш.
После ако тргнам над таа суми ке одам на ауди а3 , ама како шо кажав ќе треба да почнам да се акам со кредити и зато не ни почнувам да навлегувам во таа шема :)

Отсутен balgam

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Пежо 206
« Одговори #7 на: 23 Септември 2014, 23:06:40 pm »
1.4 и бензинче да начекаш ти се исплати.
Дури на старо е подобро да си најдеш бензин, одколку дизел со сомнително потекло.
Бензинец сочуван ке најдеш за 2500 евра, уште 500 за плин и си завршил работа.
Е сега, сочувано, што и како, зависи што бараш.
За некого сочувано е да пали и да вози, а за некого е да биде баш онака како што треба.

Сега има едно бензин на оглас ама е 1.1 шо е , 206 демек не оди со тој мотор,а и нема клима..
еве го то http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1347317
« Последно менување: 24 Септември 2014, 12:58:56 pm balgam »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17692
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Пежо 206
« Одговори #8 на: 23 Септември 2014, 23:07:46 pm »
А да му ја земеш на nevian Тиграта што ја продава, да ја однесеш во истиот ден во Плимонт, и за 2200 евра да завршиш работа со кола за наредни 5-6 години?

Отсутен balgam

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Пежо 206
« Одговори #9 на: 23 Септември 2014, 23:09:43 pm »
А да му ја земеш на nevian Тиграта што ја продава, да ја однесеш во истиот ден во Плимонт, и за 2200 евра да завршиш работа со кола за наредни 5-6 години?
Брат од опели бегам , незнам не ми лежат.А и која е таа тигра онака орентационо да ја видам :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6298
Одг: Пежо 206
« Одговори #10 на: 23 Септември 2014, 23:10:10 pm »
Не го бива ова.. Нема ни браници во боја на каросерија, а не па клима ;D ..

Него можеш да најдеш за 2500 206 дизел...  Братучедми сега зема 206 2.0HDI со 170.000км со клима, борд компјутер, и све остало за 2500 евра од автоцентар тетово...

Едит.. Тиграта ти е оддлична понуда..

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Пежо 206
« Одговори #11 на: 23 Септември 2014, 23:10:56 pm »
Па попаметно нешто од Мартин немам слушнато досега :) Аферим за текнувалово, ете му топ комбинација на човеков.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6298
Одг: Пежо 206
« Одговори #12 на: 23 Септември 2014, 23:12:38 pm »

Отсутен balgam

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Пежо 206
« Одговори #13 на: 23 Септември 2014, 23:14:07 pm »
Не го бива ова.. Нема ни браници во боја на каросерија, а не па клима ;D ..

Него можеш да најдеш за 2500 206 дизел...  Братучедми сега зема 206 2.0HDI со 170.000км со клима, борд компјутер, и све остало за 2500 евра од автоцентар тетово...

Едит.. Тиграта ти е оддлична понуда..
Тоа е основна верзија со мотор шо не одговара на 206...Туку има за околу 2500 ама треба барање. Инаку да бев ерген би размислил за тиграта ама некако не ми е за со деца тигра :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20168
Одг: Пежо 206
« Одговори #14 на: 23 Септември 2014, 23:21:15 pm »
За 2700 ќе исценкаш убава 206ка дизел. За помалце бензинец.