Јас имам 306-ка со 240 000 км, фала богу до сега од големи интервенции на моторот имам само дихтунг на глава сменето пошто имаше изгорена гумичка на самиот дихтунг и ми лигавеше уље, а тоа страшно ме нервира. Попатно заменив и гумици на вентили.
Останато се е тековно одржување и менување.
До сега од тие мотори, поготово 1.4 и 1.6 не сум чул никој да се жали со било какви проблеми. ТУ3 и ТУ5 бензинските мотори од пежо до сега се камен...
Без никакви проблеми поминувале и по 400к километри без никакви интервенции и редовно одржување на време, масло и филтри...
Овие поновиве незнам какви се, но не верувам дека има некој големи модификации.
Освен некој коњ +.
Мојот мотор е со 8 вентили и 90 коња.