Убав и пред се паметен избор си направил за тие две коли. Тие се на пазарот колите кои вредат во моментов. Сега која е подобра си е подобра меѓутоа се релативно блиску. Ете ти повеќе на изгледот си загледал и си се одлучил. Јас лично би ти препорачал да одиш и да повозиш некој Фокус и некоја Октавија и посебно да посветиш внимание на менувачот кај двете. Значи пробај 0-130 со брзо менување брзини, да осетиш малку реално чувство на колите. Значи прати го менувачот. Колку лесно влегува во брзини, конкретно 3та е најтешка брзина. Запримети малку подинамично возење кога имаш како влегува во брзини, дали ти се допаѓа мекоста, дали лесно влегува, дали имаш осет дека е во брзина или е како пудинг. Значи тоа ти е едно. Ова кај било кој модел на Фокус и Октавија може да го пробаш и да си заклучиш, не ти требак конкретен модел. (Текстов беше пишуван за мануелни менувачи, но важи и за автоматиците))
Второ. За ова ќе ти треба конкретниот модел на моторот што го планираш. Важно е. Кај турбо дизелите да ја осетиш финесата на работа на турбото. За ова би ти препорачал да го забележиш конкретниот мотор во Октавија, и конкретниот во Форд. Седни, пак како горе забрзај. Осети од каде повлекува, осети колкава турбо дупка има. Реални ситуации, вози 70кмч, во 5та и стисни гас, осети како би изгледало едно претицање на некој регионален пат. Забележи како расте и опаѓа вртежниот момент кај едната и како кај другата кола. Колку трае истиот, дали би издржал возење со тој мотор со леснотија или ќе треба малку мака да вложуваш и да темпираш претицања.
Трето, и ова може во било која Октавија и Фокус каравани. Седни напред, незнам колку си висок ама еве ако си над 185цм е ова доста валиден тест. Седни напред и намести го твоето седиште за да ти е удобно за седење. Како што би седел на долг пат. Остави го така седиштето и оди назад. Седни назад на седиштето позади твоето. Види како се чувствуваш во едната, како во другата кола. Колку место имаш пред колената, дали ти се допираат до предното седиште. Дали главата ти удира горе во кровот или не. Дали ќе може удобно да седи возрасен човек зад тебе на подолг пат. Лошо е кога ти мораш со предното седиште да се поместуваш нанапред за да може да му е удобно на тој позади тебе. Патот кој претстои за мене сакам да е уживање, зошто несакам да ми е мака возењето. Ако си под 180цм ова е далеку помал проблем.
Четврта работа. Звукот на возилото. Не тој звук. Оној другиот. Отиди на обиколница и вози 130кмч. 15 минути барем. Константно. Пробај да правиш муабет со совозачот. Тоа е реална ситуација која би требало да ја искусуваш често со таа кола. Дали треба да го повишуваш гласот, дали треба да се надвикуваш или не.
Петта работа е багажникот. Бидејќи си се одлучил за караван изведба на возило багажниот простор не би требало да претставува проблем. Но, само доколку планираш да го товариш над полицата. Доколку планираш да го товариш возилото под полицата на багажниот простор, со цел да го затвориш потоа капакот и да не се гледа што има во багажникот тогаш има извесна разлика. Кога одиш на шетање низ градови треба да ја оставиш колата на паркинг натоварена со куферите. Особено ако одиш накај некоја подалечна дестинација, па застануваш во попатни градови наменети за шетање. Дали би ти било сеедно ако се гледа дека колата е натоварена (отворена е полицата) или не се гледа. Отвори го багажникот на едната, и на другата. И погледни убаво. Дали би го собрало твојот багаж во тој багажник под полицата на едната, и дали би го собрало во другата.
Изборот не е тежок. Треба да ги видиш разликите во возилата, да ги согледаш позитивните и негативните карактеристики нивни, да го забележиш чувството кое ти го дава колата додека ја возиш. Потоа да одлучиш кои од тие работи за тебе се важни, а кои не.
А пред се грешка неможеш да направиш што и да избереш од овие две коли.