Автор Тема: Тестови и Споредби  (Прочитано 515588 пати)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1650 на: 08 Април 2015, 16:17:59 pm »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4130
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1651 на: 09 Април 2015, 16:11:42 pm »
Споредбен тест на Porsche 911 Turbo(520hp) и Mercedes-AMG GT S(510hp). Очекував многу повеќе од АМГ-то, барем во однос на времињата.

http://www.autobild.de/artikel/mercedes-amg-gt-s-porsche-911-turbo-vergleich-5693390.html


If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1652 на: 09 Април 2015, 17:03:46 pm »
Според мене и очекуван беше резултатов. Иако имаат слична сила и тежина, 911 Turbo е со погон на сите четири тркала, активна аеродинамика и управување со сите четири тркала. Според перформанси и цена поблиски конкуренти се со 911 GTS: http://www.autobild.de/artikel/mercedes-amg-gt-s-porsche-911-gts-test-5468076.html

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 527
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1653 на: 09 Април 2015, 20:44:16 pm »
Форд Фокус СТ - Дизел естејт vs. Шкода Октавија РС - Дизел Караван

Прашање за Зиро бидејќи и двете ги имаш возено, субјективно, да мораш да одбереш помеѓу овие 2 возила кое би го избрал и зошто ? :) Ако не се лажам исти сегмент се нели ?

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1654 на: 09 Април 2015, 23:38:04 pm »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4130
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1655 на: 10 Април 2015, 04:05:25 am »
Според мене и очекуван беше резултатов. Иако имаат слична сила и тежина, 911 Turbo е со погон на сите четири тркала, активна аеродинамика и управување со сите четири тркала. Според перформанси и цена поблиски конкуренти се со 911 GTS: http://www.autobild.de/artikel/mercedes-amg-gt-s-porsche-911-gts-test-5468076.html


Не би се сложил целосно. По таа аналогија со Корвета и ГТР неможе да се споредува никој зошто се многу поефтини од европскиве супер автомобиле, а се побрзи од поголем дел од нив. Колите се со иста намена, иста форма на каросеријата и разлика во снага од само 10кс. Тоа што Поршето има активно управување на сите тркала е плод на инвентивноста и технолошката напредност што успеала да ја направи фирмата. Од друга страна пак Мерцедесот е 2-3 години понов модел кој е правен по Бенчмарк на Порше 911 Турбо и би требало да е ако ништо друго барем колку Поршето брз. 10 секунди е побрзо Поршето на Нирнургринг, тоа е веќе разлика во класи.
Што се однесува до цената Порше има бренд, имиџ и традиција во правењето на вакви коли во споредба со Мерецедес и свесно го наплаќа тоа.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1656 на: 10 Април 2015, 09:48:32 am »
Форд Фокус СТ - Дизел естејт vs. Шкода Октавија РС - Дизел Караван

Прашање за Зиро бидејќи и двете ги имаш возено, субјективно, да мораш да одбереш помеѓу овие 2 возила кое би го избрал и зошто ? :) Ако не се лажам исти сегмент се нели ?

Да те поправам, Фокусот беше караван, Октавијата беше седан. :)

Енивеј, интересна тема за размислување, и морам да признаам дека и јас ја размислував. Фокусот ми остави многу, многу, многу добар впечаток од аспект на поставеност на шасијата. На кривулести патчиња околу Келн, бензинецот (со +70 коњски сили) не успеа баш многу-многу да му кидне на дизелот, а тоа зборува многу за одличното подесување. Фокусот импресионира.

Од друга страна, Октавијата подеднакво (дури и малку повеќе) ми се свиѓа на изглед, МИСЛАМ дека моторот е малку поексплозивен и мислам дека генерално има повеќе простор внатре. Не знам, субјективно и двете коли ми се свиѓаат многу и со било која би бил пресреќен. Дури мислам дека би одбрал караван и во двете варијанти, чисто пошто караваните ми се неизмерно многу кул.

Интересна тема за размислување. Дај ми ден-два. :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1657 на: 10 Април 2015, 12:05:36 pm »
Саше, држи вода и твоево мислење. :)

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 527
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1658 на: 10 Април 2015, 19:17:19 pm »
@Zero

Нема проблем :) И јас размислував на истата тема и баш ме интересираше твое мислење како човек кој се разбира и има искуство со двата автомобили.

Кога јас би бирал, мислам дека би го избрал фордот и тоа баш во комбинација караван со стелт греј боја и црни фелни како на бензинецот. Можеби малце предизајниран, но од друга страна многу ми се допаѓа што го нема оној класичен караван изглед, по младешки изгледа. Штета што нема опција за автоматик.

Од друга страна Шкодата исто изгледа одлично, чисти линии, со одличен автоматик, просторна, но во неа се замислувам како семеен човек, а за тоа сеуште е рано :) Можеби во овој случај не би одел на караван ... Тежок, тежок избор

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1659 на: 10 Април 2015, 19:57:28 pm »
Убав и пред се паметен избор си направил за тие две коли. Тие се на пазарот колите кои вредат во моментов. Сега која е подобра си е подобра меѓутоа се релативно блиску. Ете ти повеќе на изгледот си загледал и си се одлучил. Јас лично би ти препорачал да одиш и да повозиш некој Фокус и некоја Октавија и посебно да посветиш внимание на менувачот кај двете. Значи пробај 0-130 со брзо менување брзини, да осетиш малку реално чувство на колите. Значи прати го менувачот. Колку лесно влегува во брзини, конкретно 3та е најтешка брзина. Запримети малку подинамично возење кога имаш како влегува во брзини, дали ти се допаѓа мекоста, дали лесно влегува, дали имаш осет дека е во брзина или е како пудинг. Значи тоа ти е едно. Ова кај било кој модел на Фокус и Октавија може да го пробаш и да си заклучиш, не ти требак конкретен модел. (Текстов беше пишуван за мануелни менувачи, но важи и за автоматиците))

Второ. За ова ќе ти треба конкретниот модел на моторот што го планираш. Важно е. Кај турбо дизелите да ја осетиш финесата на работа на турбото. За ова би ти препорачал да го забележиш конкретниот мотор во Октавија, и конкретниот во Форд. Седни, пак како горе забрзај. Осети од каде повлекува, осети колкава турбо дупка има. Реални ситуации, вози 70кмч, во 5та и стисни гас, осети како би изгледало едно претицање на некој регионален пат. Забележи како расте и опаѓа вртежниот момент кај едната и како кај другата кола. Колку трае истиот, дали би издржал возење со тој мотор со леснотија или ќе треба малку мака да вложуваш и да темпираш претицања.

Трето, и ова може во било која Октавија и Фокус каравани. Седни напред, незнам колку си висок ама еве ако си над 185цм е ова доста валиден тест. Седни напред и намести го твоето седиште за да ти е удобно за седење. Како што би седел на долг пат. Остави го така седиштето и оди назад. Седни назад на седиштето позади твоето. Види како се чувствуваш во едната, како во другата кола. Колку место имаш пред колената, дали ти се допираат до предното седиште. Дали главата ти удира горе во кровот или не. Дали ќе може удобно да седи возрасен човек зад тебе на подолг пат. Лошо е кога ти мораш со предното седиште да се поместуваш нанапред за да може да му е удобно на тој позади тебе. Патот кој претстои за мене сакам да е уживање, зошто несакам да ми е мака возењето. Ако си под 180цм ова е далеку помал проблем.

Четврта работа. Звукот на возилото. Не тој звук. Оној другиот. Отиди на обиколница и вози 130кмч. 15 минути барем. Константно. Пробај да правиш муабет со совозачот. Тоа е реална ситуација која би требало да ја искусуваш често со таа кола. Дали треба да го повишуваш гласот, дали треба да се надвикуваш или не.

Петта работа е багажникот. Бидејќи си се одлучил за караван изведба на возило багажниот простор не би требало да претставува проблем. Но, само доколку планираш да го товариш над полицата. Доколку планираш да го товариш возилото под полицата на багажниот простор, со цел да го затвориш потоа капакот и да не се гледа што има во багажникот тогаш има извесна разлика. Кога одиш на шетање низ градови треба да ја оставиш колата на паркинг натоварена со куферите. Особено ако одиш накај некоја подалечна дестинација, па застануваш во попатни градови наменети за шетање. Дали би ти било сеедно ако се гледа дека колата е натоварена (отворена е полицата) или не се гледа. Отвори го багажникот на едната, и на другата. И погледни убаво. Дали би го собрало твојот багаж во тој багажник под полицата на едната, и дали би го собрало во другата.


Изборот не е тежок. Треба да ги видиш разликите во возилата, да ги согледаш позитивните и негативните карактеристики нивни, да го забележиш чувството кое ти го дава колата додека ја возиш. Потоа да одлучиш кои од тие работи за тебе се важни, а кои не.

А пред се грешка неможеш да направиш што и да избереш од овие две коли.

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 527
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1660 на: 11 Април 2015, 04:19:59 am »
Пред се, ти благодарам на исцрпниот одговор кој секако ќе ми послужи мене лично, а и на сeкого, но сме се разбрале погрешно. :) Оваа компарација ми е занимлива повеќе како тема за размислување, иако искрено би сакал да имам такви слатки маки да треба да избирам помеѓу овие две возила, што секако во догледна иднина размислувам и тежнеам да стане реалност.

Но факт е дека кога би ги имал парите сега, дефинитивно нема да размислувам на друга опција настрана од овие два автомобили.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1661 на: 11 Април 2015, 13:39:14 pm »
Да треба во овој момент да купувам кола, многу тешко би се одлучил за било што освен ова, со оглед на цената.





Со оглед на тоа дека зелената Octavia RS каква што возевме се добива за околу 23.000 евра во салон (со сета опрема, вклучувајќи го ОГРОМНОТО радио со навигација што кошта 2000 евра), тогаш сигурен сум дека за приближна или слична цена би го земал караванот.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1662 на: 11 Април 2015, 23:52:38 pm »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1663 на: 14 Април 2015, 01:41:41 am »

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Тестови и Споредби
« Одговори #1664 на: 15 Април 2015, 16:09:13 pm »