Сигурно, сигурно некое богато детуле некаде на арапскиот полуостров ги има истестирано трите. Само треба да се најде видео со резултати.

Како и да е, Ферарито изгледа најдобро од триве, и јас би го избрал поради тоа. Но, како ферари фан, мора да признаам дека постапките на Ферари маркетингот многу ме разочаруваат во последно време. Почнувајќи со глупостиве за „забрана за телеметрија“ на корисниците, односно уценување, па до барањата од типот „Прадедо ти ако немал ферари, не може ова ферари да го имаш“ или „може да си го купиш ова, ама ние ќе ти го чуваме и само на стазава може да го возиш“.