Да, овие коли ќе поминуваат многу мал дел од нивното возење на стаза. Сепак, стазата е најдоброто решение за да се измери кој е најспособен/најбрз, а тоа најмногу не интересира сите нас. Инаку факт е дека Поршот е најцивилизиран и најлесен за возење од трите.
Што се однесува до изгледот, мене трите ми се допаѓаат и не би можел да се одлучам само за еден. Има денови кога некое го фаворизирам пред останатите, но се менуваат улогите. Ми се допаѓа прилепениот до земја агресивен изглед на Мекларенот и неговите облини, исто така ми се допаѓа и посмирениот изглед на Поршето и тоа што е понормален, a звукот на ЛаФерари е незаменлив.