Golfot R отсекогаш бил различен од ГТи. И стариот Р не беше многу побрз од ГТи. Шестаци со повеќе мускули беше поентата. Само во овој модел мускулите доаѓаат од турбината, наместо од плус цилиндри. Што воедно ја намалува потрошувачката - кон што се цели во денешно време. Значи многу логичен потег за наследник на Голф 5 Р.
Можеби Купрата е побрза, но има погон само на предните тркала. Исто и меганот. Друга е поентата.
И да ја истјунираш купрата пак ќе има погон само на предните тркала. И можеби тоа е добро. Можеби. Но, колата не се вози на стаза, и уште помалку пак на сува стаза. Делот со 4х4 ти дава растеретеност, и стегнатост кон патот. Да го споредиме со погон на задни, ајде можеби, но да кажеме дека со предни е подобро? Тешко.
На сува стаза да. Во реалноста - до Охрид или Маврово? Ни случајно.

П.С. Р от лесно ќе надмине 300кс, па и 350. Сеуште сметате дека преден погон е правиот избор?