Колите направени за забава треба да акомодираат луѓе во нив во 80% од случаите, а 20% да се за „забавата“. И треба да имаат барем еден-два чашодржачи. Незнам на која мислиш, ама тоа си е забелешка реална. Трошеле многу? Што е многу? Не кажува колку е тоа многу? Секад кажува бат ит гетс 20мајсл пер галон, па ти размисли си. Реално тоа Е МНОГУ, а ако тебе не ти е многу тогаш земи си. Ама битно е да си знаеш. Како и многу други работи кои за мене на пример би ми значеле. Ако е колата „за возење“ тоа значи дека треба да седам на седиште од точак унутра?
Тие коли „за возење“ се солидни 40% од продадените и луѓе си ги зимаат за најнормална употреба. Во Загреб повеќе од пола од голфовите вака на улица што ги гледам се ГТИ. Зошто да не купи? Ќе се трка? Не ќе иде до Паг веројатно на одмор и до работа. Тоа не се нешто којзнае што коли. Најнормални коли се. Незнам која GT86 ти делува како да е боооооог знае што тркање. Ама нема везе. Најнормална кола за возење до работа и до Охрид, и слично. За двајца во голем комфор и гепек огромен.
Ти мешаш што кај нас „над 35000 евра“ се рачуна кола која треба да изгледа скапо и се купува исклучиво за пување и за паркирање пред кафичи, не е исто насекаде. Ретко се возат Ес класи или БМВ 5ки... Се возат Фокус ST, се возат Голф ГТИ подеднакво исто како што ние возиме Фиеста 1.5тдци или БМВ 6.
BMW 530i e за транспорт, а 535 е за возење? Или? Каде е линијата? Кога почнува? М5 не е за возење? 520д не е за возење? Сон е за возење 520д аутоматик по автопати. 200кс има и 400-500 њутна, претица, влече над 200 иде... Што да прави, кафе ли да вари?
Поважно е дали има капхолдер и колку троши (и колку ќе те изрепаат за еко такса, и осигурање) отколку дали дрифта колата.