Јас да се правам глуп има логика, ни факултет немам уште. Ама ти со два факултети, магистри докторати што ти ја знам, да се правиш глуп е многу потрагично.
Наместо да сфатиш дека „мртва тишина“ е некоја си мерна единица за мирна и тивка околина каде што обичен човек престојува во релативен комфорт, ти „мртва тишина“ сфаќаш дека е нула децибели. Е*ате начинот на водење конверзација.
Последно време, џабе е вложениот труд во дискусија со тебе. Забегуваш во крајности поради кои човекот што решил да се објаснува со тебе почнува да смета дека не е ни вредно да се реплицира, со што се добива контра ефект каде ти си тотално убеден дека си во право. Страшно...
Терминот мртва тишина не го воведов јас во дискусијата. Едно е тишина, друго е мртва тишина. Исто како и со нула и апсолутна нула. Не може апсолутна нула да биде -100, не може ни -200

Како и да е, јас воопшто не дискутирам за тишина туку за гласност. Има голема разлика. Не е работата кој капира, работата е кој сака да укапира.
Ако ти е џабе вложениот „труд“ во дискусија со мене немој па да дискутираш. Што си го трошиш времето. Има кому не е. Секако вредно е да се реплицира, по моите постови ќе сфатиш дека сакам реплики и сакам дискусија, но ти не си ни од блиску подобна личност за тоа. Ти не дискутираш, ти само наоѓаш некој туѓ пост кој и онака не го разбираш, па се фаќаш ко слеп за стап да го застапуваш, пошто и онака немаш идеја, ниту поим за дискутирање на ваков форум.
Јас кога сум убеден дека сум во право тоа вреди многу. Овде не се дискутира на теми кои зависат од моето формално образование. Јас ниту сум магистер ниту сум доктор, ти си нешто збунет. Треба бајаги квалитетна дискусија за да ме одврати од мислењето дека сум во право и тоа не го може секој, секак ти со вакво детско понашање не можеш. За некој е страшно за некој не е. За тебе на пример е страшно, тоа е поради твоите лични карактеристики споредени со моите. Има цел куп на теми на форумов на кои никогаш не сум напишал пост, бидејќи не се разбирам и тоа би биле глупости драг Мартине кога би дискутирал со глава во ѕид. Кога не се разбирам, не коментирам бе братче. Не треба ни ти, па нема да ти биде страв и нема реален муабет да нарекуваш глупости. Разбери го ова што поскоро, ќе ти се најде во животот, допрва почнуваш.