Гласање

To Be Or Not To Be

Toyota Yaris 1.4 D-4D
6 (8.3%)
Renault Clio 1.5 dci
9 (12.5%)
Seat Ibiza 1.2 TDI CR
2 (2.8%)
Citroen C3 1.4 HDI
6 (8.3%)
Opel Corsa 1.3 CDTI
6 (8.3%)
Fiat Grande Punto 1.3 Mjet
10 (13.9%)
Ford Fiesta 1.4 TDci
20 (27.8%)
Peugeot 207 1.4 HDI
2 (2.8%)
VW Polo 1.2 TDI CR
11 (15.3%)

Вкупно гласови: 72

Автор Тема: Градски Компакти  (Прочитано 18096 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Градски Компакти
« Одговори #30 на: 08 Септември 2011, 22:41:05 pm »
1. Renault Clio 1.5 dci - фино аутце, со уште пофин мотор. Идеално возило за низ град, пазар и повремени излети надвор од град. Ефтин за одржување.

2. Fiat Grande Punto 1.3 Mjet - уште кога излезе ми беше специфично. Ако е постар модел, сеуште влага во конкуренција. Одличен сооднос на вложено добиено. Ефтин за одржување.

3. Ford Fiesta 1.4 TDci - иако поголем дел од времето жена ми би го возела, симпатична ми е на свој начин. Внатрешноста ми е одбивна ама како пакет ми се допаѓа.

4. Citroen C3 1.4 HDI - можда и погоре ќе го ставев да не беше Цитроен. Мене ми е симпатичен, супер моторче, секогаш има се што е потребно од опрема.

5. Opel Corsa 1.3 CDTI - ништо посебно, ОК аутце ама буквално ништо не би ме натерало да го купам.

6. VW Polo 1.2 TDI CR - можеби најдобриот пакет кога станува збор за градски автомобил, но по цена за која ќе земеш семеен компакт. Ако парите не се проблем, само како втора кола.

7. Seat Ibiza 1.2 TDI CR - од како излезе не ја можам. Современа технологија, супер пакет опрема, но неможам да се замислам во неа. Единствена Ибица која можам да ја соџвакам е моделот со 2 врати и со убави бандажчиња.

8. Peugeot 207 1.4 HDI - не ми се допаѓа кога убав автомобил од типот на 206, ќе му дувнеш во ауспух за да се надуе и изгледа поголемо. И стај му поголем осмех напред. Сеуште 206-ката ми е избор пред 207-ката.

9. Toyota Yaris 1.4 D-4D - многу добар мотор. Еден од подобрите во конкуренцијава, како по економичност, така и по перформанси. Но неможам да седнам во кола и пред мене да е празно. Инструментите треба да се каде што треба, а не да забављаат публика на задна клупа. Модел во заминување.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Градски Компакти
« Одговори #31 на: 08 Септември 2011, 23:47:47 pm »
1. Renault Clio 1.5 dci - фино аутце, со уште пофин мотор. Идеално возило за низ град, пазар и повремени излети надвор од град. Ефтин за одржување.

2. Fiat Grande Punto 1.3 Mjet - уште кога излезе ми беше специфично. Ако е постар модел, сеуште влага во конкуренција. Одличен сооднос на вложено добиено. Ефтин за одржување.

3. Ford Fiesta 1.4 TDci - иако поголем дел од времето жена ми би го возела, симпатична ми е на свој начин. Внатрешноста ми е одбивна ама како пакет ми се допаѓа.

4. Citroen C3 1.4 HDI - можда и погоре ќе го ставев да не беше Цитроен. Мене ми е симпатичен, супер моторче, секогаш има се што е потребно од опрема.

5. Opel Corsa 1.3 CDTI - ништо посебно, ОК аутце ама буквално ништо не би ме натерало да го купам.

6. VW Polo 1.2 TDI CR - можеби најдобриот пакет кога станува збор за градски автомобил, но по цена за која ќе земеш семеен компакт. Ако парите не се проблем, само како втора кола.

7. Seat Ibiza 1.2 TDI CR - од како излезе не ја можам. Современа технологија, супер пакет опрема, но неможам да се замислам во неа. Единствена Ибица која можам да ја соџвакам е моделот со 2 врати и со убави бандажчиња.

[b]8. Peugeot 207 1.4 HDI[/b] - не ми се допаѓа кога убав автомобил од типот на 206, ќе му дувнеш во ауспух за да се надуе и изгледа поголемо. И стај му поголем осмех напред. Сеуште 206-ката ми е избор пред 207-ката.

9. Toyota Yaris 1.4 D-4D - многу добар мотор. Еден од подобрите во конкуренцијава, како по економичност, така и по перформанси. Но неможам да седнам во кола и пред мене да е празно. Инструментите треба да се каде што треба, а не да забављаат публика на задна клупа. Модел во заминување.

Одлично !!! ;D ;D ;D

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Градски Компакти
« Одговори #32 на: 09 Септември 2011, 08:35:49 am »
1. Форд Фиеста - ова мислам дека би бил мојот прв избор, иако дизајнот не ми е нешто многу привлечен, сепак моторот е одличен,го возев стариот модел и е одличен автомобил.

2. Опел Корса - дизелот е одличен, многу економичен, и многу потивка кола е на отворено од Фиестата, ама пак моторчето на Фиестата малку подобро ми тегне.

3. Цитроен Ц3, интересна кола, внатре е еден број поголема од класата во која припаѓа,дизелот го немам возено ама 1.4 бензинецот може да биде подобар.

4. Пунто - старото Пунто, или сега што се продава како Пунто класик мислам дека е далеку подобро од Грандето. Летово на одмор недела дена рентав Гранде Пунто со 22 - 23000 км, и колата беше катастрофа, ептен се разочарав.Обичното Пунто е друга прикаска, многу поинтересна.

5. Клиото, е добра кола, само имам некое лошо мислење за него, блиска роднина го вози стариот модел и не е лошо, само што нон стоп нешто и свети на шалтаблата, а другарче го вози новиот модел и за кратко време имаше многу смешни и прилично скапи дефекти, а и на неговото нон стоп нешто му свети на шалтаблата.

6. Поло 1.2 ТДИ, оваа кола е најголемото срање од кола што некогаш ја имам возено, или да се поправам, најглупавиот мотор, колата со друг мотор можеби е добра.Моторот и мењачот не се еден за друг. Нема сила во ниеден режим на работа, и моторот секогаш е на работ на гаснење.

Другите од листава ги немам возено, така да немам коментар за нив.
 
Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Градски Компакти
« Одговори #33 на: 09 Септември 2011, 09:24:34 am »
Renault Clio 1.5 dci -  Сум го возел на колегава исто 1.5 ДЦИ. Није лоше али ништо посебно. Не е баш ефтино за таква кола колку што слушам бар по рекламиве на радио.

Fiat Grande Punto 1.3 Mjet - Не знам ама јас Пунто не би купил никад у живот па ако сака и Ел Гранде нека е. Уште пред десетина години еден другар имаше Пунто она Класик бензинче и ама никако не можев да се замислам да ја возам таа кола...некако како играчка ми делуваше, неозбилно.

Ford Fiesta 1.4 TDci - Многу ми се допаѓа како дизајн а и ентериерот не е лош. Ми е дефинитивно најубавото мало возило. Не сум возел дизелче али од муабети сум слушал дека е задоволително моторчето и дека не арчи многу.

Citroen C3 1.4 HDI - Кога се било кои витамини во прашање ќе ве поштедам од коментари...Имам хипервитаминоза...не ги можам!

Opel Corsa 1.3 CDTI - Единственото возило во кое ме собира онака со тргнато седиште до крај без да го дигам воланот нагоре. Не можев да се изначудам како мало изгледа а колку простор имаше внатре. Симпатично ми е онака. Не знам какви се новите дизели на Опел...се надевам многу подобри. Бензинец би купил, дизел..не верувам.

VW Polo 1.2 TDI CR - Ако ги гледам моментално коку пати отидоа на сервис нашиве Половци не да не заслужува повисоко место на листава ами не заслужува ни на листава да биде. До пред некои 3 / 4 месеца ми беше фаворит возилце, сега бљак. Изгор скапо, огин одржување а често ќе одиш на сервис како за тие пари. Додуше да бидам искрен, дизелот малку помалку има проблеми од бензинецот ама сепак...шубе си е шубе. NO WAY !!!!

Seat Ibiza 1.2 TDI CR - Нити сум возел некад нити сум влегол во некоја.  Развозуат една портокалова кај нас Ibiza R и мене ми изгледа баш кул.

Peugeot 207 1.4 HDI - Мене ми е ОК. Неколку луѓе познавам што имаат 1.4 ХДИ и немале никакви замерки. И дизајнот не е лош. Се на се едно од оние кои би ги купил секако.

Toyota Yaris 1.4 D-4D - Имаше Јарис човекот и на жена му и се падна од Тедико Супер  на наградна игра, КИА. Отиде човекот да ја земе и го огласи Јарисот за продавање. Арно ама за среќа му бараше височка цена (и јас се јавив да прашам, нормално) па се повлечка работава. После месец дена возење на Киата, ја огласи за продавање и ја продаде за 2,500 евра поефтино од колку што беше во Салон. До ден денес си го вози Јарисот.
« Последно менување: 09 Септември 2011, 09:26:40 am Sportex »

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Градски Компакти
« Одговори #34 на: 09 Септември 2011, 10:27:04 am »
Не во темава ама би сакал да ја споменам.

Шкода Фабиа, колата е феноменална, ја имав за службено возило и за година дена поминав ~30 000 км. Е сега бензин беше таа што ја возев јас со 1.2 70 кс, али колата влече изненадувачки добро, комотна е, многу и тоа, а и возењето на подолги релации воопшто не замара. Прилично е економична, како за службена кола трошеше од 5,3 до 5,7 на отворено, низ град незнам точно колку беше.
Ако некој може да помине преку нејзиниот изглед тогаш мислам дека е многу добра опција.Мада кога би бирал за мене јас би ја ставил во потесен круг, бидејќи изгледот и не ми е нешто посебно битен, се гледа тоа додуша од колата што сега ја возам :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Градски Компакти
« Одговори #35 на: 09 Септември 2011, 12:43:32 pm »

Имаш и поло со тој мотор. Фантастично возило! Само не е дизел, и потрошњата во град е 8,5.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Градски Компакти
« Одговори #36 на: 09 Септември 2011, 18:16:22 pm »
Доста изедначена класа. Ситници пресудуваат при избор. Мојот избор секогаш ќе се сведе на моторот со повеќе KW и NM. Дополнителната опрема повеќе не игра улога бидејќи основните потреби ги имаат сите.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Градски Компакти
« Одговори #37 на: 22 Септември 2011, 16:34:14 pm »
Мене ми се чини, дека 207-цата е најголема... најпространа

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Градски Компакти
« Одговори #38 на: 22 Септември 2011, 21:27:10 pm »
Мене ми се чини, дека 207-цата е најголема... најпространа

Најголема, и јас мислам дека е... Ама најпространа, мислам дека не е... Не сум сигурен, ама би рекол дека Клио и Пунто имаат попространа кабина од 207ца. Дури мислам дека Клиото има најпросторна кабина од маливе компакти.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Vlado

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Градски Компакти
« Одговори #39 на: 22 Септември 2011, 22:08:24 pm »
И Корсата мислам дека е тука некаде и таа е доста пространа.
Сузуки Свифт 1.3

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Градски Компакти
« Одговори #40 на: 22 Септември 2011, 22:12:54 pm »
Мене ми се чини, дека 207-цата е најголема... најпространа

Најголема, и јас мислам дека е... Ама најпространа, мислам дека не е... Не сум сигурен, ама би рекол дека Клио и Пунто имаат попространа кабина од 207ца. Дури мислам дека Клиото има најпросторна кабина од маливе компакти.

Сум возел, и сум се возел во 207 и мислам, каде... каде е поголема од фиестата барем...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Градски Компакти
« Одговори #41 на: 22 Септември 2011, 22:57:51 pm »
Мене ми се чини, дека 207-цата е најголема... најпространа

Најголема, и јас мислам дека е... Ама најпространа, мислам дека не е... Не сум сигурен, ама би рекол дека Клио и Пунто имаат попространа кабина од 207ца. Дури мислам дека Клиото има најпросторна кабина од маливе компакти.

Сум возел, и сум се возел во 207 и мислам, каде... каде е поголема од фиестата барем...
Абеееее шо да ти кажам...

Oд каде... каде нема ни К.  :)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Градски Компакти
« Одговори #42 на: 23 Септември 2011, 00:40:21 am »
На сите мерки бега по 5 - 10 цм а на сите места по 5-10 цм го прават да е мноогу поголемо

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Градски Компакти
« Одговори #43 на: 23 Септември 2011, 01:07:02 am »
И Корсата мислам дека е тука некаде и таа е доста пространа.

На предните седишта, не ми текнува баш како беше со понуда на простор, ама на задните е очајна (верзијата со 3 врати, таа со 5 не сум ја возел).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Градски Компакти
« Одговори #44 на: 23 Септември 2011, 01:19:48 am »
207-та однадвор изгледа дека е многу просторна,али не е
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D