1. Форд Фиеста - ова мислам дека би бил мојот прв избор, иако дизајнот не ми е нешто многу привлечен, сепак моторот е одличен,го возев стариот модел и е одличен автомобил.
2. Опел Корса - дизелот е одличен, многу економичен, и многу потивка кола е на отворено од Фиестата, ама пак моторчето на Фиестата малку подобро ми тегне.
3. Цитроен Ц3, интересна кола, внатре е еден број поголема од класата во која припаѓа,дизелот го немам возено ама 1.4 бензинецот може да биде подобар.
4. Пунто - старото Пунто, или сега што се продава како Пунто класик мислам дека е далеку подобро од Грандето. Летово на одмор недела дена рентав Гранде Пунто со 22 - 23000 км, и колата беше катастрофа, ептен се разочарав.Обичното Пунто е друга прикаска, многу поинтересна.
5. Клиото, е добра кола, само имам некое лошо мислење за него, блиска роднина го вози стариот модел и не е лошо, само што нон стоп нешто и свети на шалтаблата, а другарче го вози новиот модел и за кратко време имаше многу смешни и прилично скапи дефекти, а и на неговото нон стоп нешто му свети на шалтаблата.
6. Поло 1.2 ТДИ, оваа кола е најголемото срање од кола што некогаш ја имам возено, или да се поправам, најглупавиот мотор, колата со друг мотор можеби е добра.Моторот и мењачот не се еден за друг. Нема сила во ниеден режим на работа, и моторот секогаш е на работ на гаснење.
Другите од листава ги немам возено, така да немам коментар за нив.