Автор Тема: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива  (Прочитано 9479 пати)

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Здраво дечки,
треба да се земе ново возило на фирма, па ми треба мислење од поискусните во врска со возило од класата на Fiat Doblо.
Критериуми:
- Буџет околу 15 илјади евра
- Да собира 5 луѓе + место за товар
- Дизел
- Да ги исполнува условите за да може да се врати данокот (ќе биде регистрирано на фирма)
Што мислите за споменатото Fiat Doblо 1.3 дизел? Мислења за моторот, каква вожња има и слично.
Дали би ми препорачале некој модел од другите производители?
Сите мислења се добредојдени.
Поздрав.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #1 на: 08 Септември 2014, 23:20:20 pm »
Мислам дека Велештрумф ќе може да ти даде добар одговор на оваа тема. Они имаат веќе трето службено VW Caddy.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #2 на: 09 Септември 2014, 00:22:30 am »
Латко, дај ми малку време да најдам каде пишуев на оваа тема, да не се повторувам пак... Не знам дали беше во тема или во ПП, ќе пребарам, па ќе ти кажам.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #3 на: 09 Септември 2014, 00:25:24 am »
Еве јас ке ти кажам за Доблото, конкретно за 1.3 мулти џет. Не најнобото, него претходнта серија.
Доблото е одлично, огромно, собира многу товар, собира луѓе, комотно е внатре.
Од дефекти додека го возев, како службено, значи со поминати 80к километри, кој стигне и како стигне го вози, просвире лагер на водна пумпа, па сменето се комплет. На подвозје апсолутно ништо. Други работи околу мотор, ништо.
Негативност е тоа што е релативно тврдо возило, односно за на отворен пат имаш чувство дека постојано подрипнува, троши, град 7 до 8 литра, на отворено ако го возиш по пропис и знаци, 5,4 до 5,6, а ако го возиш не по знаци ондак 6,5  минимум...
Максимална брзина 150 до 155 а на уздолница иде и до 175.
:)
Бучно, односно бучен мотор над 100 км/ч.
Се на се задоволен од него.
Кедито е скроз друга приказна. Мислам дека е преценето во класата, како и секое друго фолцвагеново возило.
Нема муабет дека е добро, ама мислам дека е преценето.
Види Партнер или Берлинго, или пак Дачиа Докер :)
Ние во моментов порачавме Докер и чекаме да ни стигне. Ке споделам инфо каква ке биде во секој случај.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #4 на: 09 Септември 2014, 00:42:22 am »
Еве вака, иако има година ипол пројдено од постов, сите кажани ствари сеуште си важат (освен поминатата километража и времетраењето колку ги имаме кај нас):

Хелоу.

Вака сеа, со ред... Уште у старт ќе ти кажам дека Кедито е фантастично (не толку) мало товарно возило, и веројатно нема подобро од него. Зошто, ју мајт сеј? Имаме Кеди(ја) од 2005 па наваму и до сега стварно не ни дале причина зашто да гледаме и бараме нешто друго.

- Првото Кеди 2.0 СДИ - пројде 447000 км за некои 4-5 години, што ќе рече, видело солидна вожња. После тоа го продадовме, и ден денешен сеуште си вози. Проблеми: ни исфорсираа проблем со „процесорот“, и солидно ни го наплатија, а не го решија проблемот. Проблемот се појави после краткотрајна средба на Кедито со врнежи од град, на аутопут... После се испостави дека проблемот бил во некое реле, на кое малку му се оголиле контактите и фатиле р’ѓа. Во Ауто Тек (Шиник) тоа го средија (они и го најдоа проблемот, не Порше), и Кедито продолжи да си нема мука. После некои 350 000 км беше сменета водна пумпа и пумпата за куплунгот, оти изгуби притисок. Како што реков, Кедито сеуште верно си го служи новиот сопственик. За да нема забуни, го продадовме пошто купивме ново, и немавме потреба од него, а пројде временскиот период за кој мора возилото да ти биде регистрирано на фирма.

- Второто Кеди 2.0 СДИ - врсник со Лансерот (двата ги земавме на исти ден, пред 5 години), веќе има поминато преку 500 000 км, само со редовен сервис и ништо друго. Моторот си работи како од фабрика излезен, и ништо до сега не е сменето (од аспект на ламела, потисна плоча, замаец или што ти ја знам...). Редовно е сервисирано, со оние вообичаени сезонски промени на гуми и слично.

- Третото Кеди 1.6 ТДИ - го земавме пред месец дена, па тек треба да се покаже. Моторот нормално, другото си го знаеме :)

Многу битна работа - кај двете Кедија, кабините останаа читави, после многу многу експлоатација. Нормално, се појави „лижење“ на пластиките на воланот и околу прекидачите за клима/светла/радио, но тоа беше се’. Рака на срце, кај второто не се ни појави тоа „лижење“ околу прекидачите, само кај првото беше тој случај. Нема ниту пукање на пластики, нити било какви значителни оштетувања. Гад демит, ни тапацирот се нема поткинато!

Друга многу битна работа - од сите возила од таа класа, кои сум ги пробал до сеа, само Кедито ти дава чувство дека возиш кола. Да, голема висока кола (АКА моноволумен), ама пак кола, а не комбе. Има замашна носивост и одличен волумен на товарен простор (и двете се веројатно најдобри во класата).

Во директна споредба, Форд Транзит Конект се осеќаше премногу како комбе, и многу беше бучно; на Фиат Добло му се гледа(ше) металот на вратите (што мене ужасно многу ме нервира) и плус нема(ше) каде да ја потпреш левата рака, што уште повеќе ме нервира, оти нема поента да немаш каде да ја ставиш раката. Сепак некои од овие возила набиваат солидни километражи на дневна основа, и тоа едноставно е голем недостаток, кој му пречи на возачот. Француските варијанти (Пежо и Ситроен) беа значително поскапи, без соодветно да ја оправдаат цената. Немаа поголема носивост, не се сеќавам за големината на товарниот простор, ама и таа беше тука некаде. Едноставно, беа неосновано преценети. Рено Кангу немаше доволно голем товарен простор, а Кангу Макси патеше од истата претходно болдирана причина :) Опел Комбо нема поента, пошо е стара Корса со тумор на гзот... Нема доволно голема носивост, ниту располага со адекватен товарен простор, а за да има механизацијата поента, треба да е минимум 1.7 ЦДТИ, што на времето држеше цена, која воопшто не ја оправда, на ниеден можен начин. Не знам дали уште се продава, не сум проверил :)

Дефинитивно го препорачувам Кедито пред било кои други! Пежо Бипер/Ситроен Немо/Фиат Фиорино се интересни мали товарни количиња, ама рачунај дека се драстично помали и понеспособни во однос на Кеди. Доколку не е потребен поголемиот товарен простор и поголемата носивост, би препорачал било кое од нив, оти се исти. Доколку се најде, исто давам препорака за Пежо Партнер/Ситроен Берлинго, од претходните генерации, со 1.9 Д мотор. Едноставно, немаат смрт (освен ако некој (ин)директно не ја предизвика :)).

Ако имаш нешто конкретно, или не толку конретно, онака што те интересира, слободно прашај :)

Само да дополнам дека се работи за товарни изведби на Кеди, не за патнички.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #5 на: 09 Септември 2014, 00:45:19 am »
За да може да се врати данок од него возилото треба да е товарно односно да има простор за двајца патници и товар. Исклучок од ова моментално е Пежо Партнер со место за 5 лица и малку товар. Појди прашај.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #6 на: 09 Септември 2014, 01:17:47 am »
Уз темава јас би прашал некој ако можи да ми објасни како е ова со повраток на данок или незнам што.. ?.. Јас имам 2 фирми, едната е 6 години другата 2... И како би можел да земам комбе на фирма? Или па на старо да се земи.?

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #7 на: 09 Септември 2014, 09:50:08 am »
Фала ви дечки за одговорите (особено на velestrumf).
"Миле Џонтра" - Добра ти е констатацијата, но може ли некој друг да потврди за ова? Значи за да се врати данок преку фирма на која што возењето не е примарна дејност возилото треба да биде комерцијално возило или товарно возило?
Возилата што се со 5 седишта и место за товар од позади спаѓаат ли во оваа категорија?
Кеди звучи како многу добар избор, но мене ми треба да има место за 5 патници, не за двајца.
Сега ќе го разгледам баш на нивната страна...

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #8 на: 09 Септември 2014, 09:59:52 am »
Како што гледам има 3 верзии:
- Caddy GP Товарно
- Caddy GP Комби
- Caddy GP Life
Што мислите, ќе може ли Комби варијантата да се квалификува за враќање на данок?


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #9 на: 09 Септември 2014, 10:03:27 am »
Веројатно најдобро ти е да прашаш во Порше. Барај го Враниќ ако е таму, ќе ти објасни све фино-лепо.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #10 на: 09 Септември 2014, 12:21:39 pm »
Вака, значи во врска со повраток на данок.
- Исконтактирав со порше мк, и ми потврдија дека Cady комби ги задоволува условите за повраток на данок.
- Исто важи и за Fiat doblo
Чисто како информација (можеби на некого ќе му користи), за возилото да ги задоволува критериумите за повраток на данок, треба да биде хомологирано во категоријата N1.
Најдобро ќе биде да се разгледаат и двете во живо, плус некој од конкурентите па ќе се донесе одлука. Ќе пишам тука кога ќе имам повеќе информации.
Како што споменав и во првиот пост, секоја информација или мислење ќе биде добредојдено.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #11 на: 10 Септември 2014, 18:25:48 pm »
Moжам да додадам за претходниот модел на добло има наслони кои не се вадат, ниско се поставени те маваат во врат, грб. Совозачкото седиште не се подесува. Ова се однесува на карго верзијата.


Новото фиат добло е одличен модел од предходниот. Има и неколку награди добиено во својата класа, не ми текнува кои.
Мерцедес и опел го имаат превземено да го има во нивна понуда!

Така да нема утка.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #12 на: 10 Септември 2014, 18:52:05 pm »
Ако не се лажам, Мерцедес и Опел имаат земено од Рено, не од Фиат. (Mercedes Citan = Renault Kangoo) & (Opel Vivaro = Renault Traffic)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #13 на: 10 Септември 2014, 19:00:07 pm »
Velestrumf imam edno prasanje. Vie zemavte Caddy so 55 ili 75kw motor?   VW ponudija denes verzija so 55 kw I nesto plus oprema od taa na katalogot. No koga ke sporedam so dobloto, toa e poeftino za okolu 1500 evra i go nudat so 66kw/90 ks. Sto mislite, ke vrsi li rabota ovoj 1.6 so 75 ks ili ne go biva?

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Мислење за ново Fiat Doblo или некоја алтернатива
« Одговори #14 на: 10 Септември 2014, 19:00:53 pm »
Ако не се лажам, Мерцедес и Опел имаат земено од Рено, не од Фиат. (Mercedes Citan = Renault Kangoo) & (Opel Vivaro = Renault Traffic)



Based on the Fiat Doblo

http://www.worldcarfans.com/111071434957/2012-opel-combo-revealed