2.0хди одлично покажан мотор. Претпоставувам не гледаш 1.6 бидејќи е преслаб за таа каросерија. Како и секој дизел можни проблеми дизни, турбо и двомасен замаец. Турбо и двомасен цените како и за било кој друг дизел, дизните се сименс и нема за нив оргинални делови(некои мајстори ќе ти речат дека ги репарираат, но јас тоа би го нарекол прикрпување). Вака како ауто супер вожња, јас гледав да земам такво нешто, но не најдов примерок по мој вкус и се откажав. Други маани: централниот дисплеј откажува(лесно се менува и има кинески заменски евтин), дисплејот во километражата знае да откаже, знае да зеза и вентилатор за кабина(за ова чудо треба цела кола да ја растуриш), исто маана им се АБС сензорите(не се така скапи) и друг глуп квар е флет кабелот/сензорот во воланот за завртеност на тркалата. Ако гледаш коли припази на овие работи.