Трошоците за превоз не се особено големи. Поскап е смештајот таму - во најевтина варијанта е околу 30-тина евра по човек од вечер. Генерално сите хотелчиња и хостелчиња се фини со интернет пристап. Од годинава и во Reifnitz има бесплатен WiFi, е сеа колку работи и колку е квалитетен линкот не би можел да кажам. Во секој случај, опции има.
Доживувањето е неверојатно. Чувството на пријателство е насекаде.. Дури како да има некоја фамилијарна атмосфера. Сите се фини и опуштени. Пијани будали немаше (ние кога бевме), сите беа спремни да зборат за колите и да разменуваат искуства.
Баш би било фино да отидеме неколку коли, да фатиме некое добро место и да праиме CARclub & Macedonia Represent.
