Влез е 50 евра за кола за сите денови. Што сакаш прави си внатре.
Ако имаш обична кола ќе се подзапикаш некаде, а ако имаш нешто доволно спуштено за да неможе да се качи на тротоар ќе се наместиш на некое интересно место за да те сликаат цело време. Генерално колите кои се претставителни возат во 1ва без гас по улиците, споро и застануваат за да ги слика некој. Ако имаш V8 и нагоре смееш и гас да дадеш додека возиш, по можност во лер.

Се зезам, ама мислам дека ме сфати.
Колите се китат со згодни девојки, или интересни украси за да привлечат уште повеќе внимание. Ама сето тоа е џабе ако колата не гребе доле, или е во небеса како црниот Амарок. Изборот е тој, угоре високо, удоле длабоко.
Патиштата се малку помазни од стакло, значи иако гребе колата може да се вози комотно. Само треба доста гориво ако вртиш наоколу, и треба да се смисли дека ќе ти троши многу таму и дека треба да точиш таму ако не си со дизел.
Благодетот на опојна тишина, која еднаш во часот ја разбива некој V6 или V8 во далечните планини буди чувства на спокој и раздразнетост во исто време.
Важно е носењето на столчиња на расклапање, зошто ако си со колата паркиран на видно место - сигурно нема да седиш во неа, туку на страна за луѓето да може да влезат или сликаат - кој како милува. (ретко влегува некој)
Еве една галерија чисто да се осознае местото повеќе. Многу е мало инаку, две улици се, и неколку паркинзи.
Wörtherseetreffen 2013 Carclub.mk & Malikovski Images