Мојата кола е прва во фамилија купена на старо.
А тоа е само заради ограничениот буџет со кој јас располагав, поради тоа што што и да и се деси на Интеграта имам кола која ќе ја замени и нема да и се секирам, поради тоа што само со новата кола идам надвор од државава.
Интеграта е кола купена само за мерак, па нема врска толку многу со темава. А да имав на располагање малце повеќе пари, ќе купев нова кола, макар била и Фиеста СТ или Сузуки Свифт Спорт (тие ми беа опции за под 20 тисуќа).
На Интеграва нема нема и ќе и дојде ред за мењање на нешто, па каде да сменам, па дали овој го бива или оној, па тој пред мене нешто чачкал ама не дочачкал, па дали он или тој пред него или можда јас сум крив за нешто што дури сеа се појавили итн. итн.

А пазете не зборам за никаков сериозен дефект, па ни дефект не е. Туку со време и употреба треба да се промени, или за сваки случај.
И нормално, само што ја земав, три дена пред да тргам за Београд со неа, не можеше да убацам у брзина, па оп 300 евра и чекање 2 недели за нов кумплунг сет од Макптерол

Ова ми е единствена работа што сум ја сменил без да рачунам дека треба да ја сменам. Али веројатноста да се случи истото на нова кола од салон е далеку помала.(не само за кумплунг, за било што)
Наредна кола, само на ново или максимум до 2-3 години стара, од близок човек.