Не секој што купува кола е познавач на колите и не секој разбира каква обврска превзема со купувањето на истата.
Најголемиот проблем кај нас (таков ни е менталитетот) е што кога се купува автомобил, се купува еуфоричном ретко со разум. Би ве исклучил тика вас, пошто чим сте членови на форумов мора да имате бар минимални познавања

Што значи тоа? Имаш Х сума на пари и без разлика дали си се одлучил за половен или нов автомобил, секогаш гледаш да го земеш најголемото, т.е. она што највеќе ќе ти понуди за парите. Што е нормално. Но секогаш се заобиколуваат режиските трошоци и предвидени обврски кон истиот.
Претходно беше спомнат некој Мерџан Е270-ка мислам, во споредба со Голф. Муабетите околу гаранции, и слично веќе се направени. Но, даваш огромна сума на пари за користена роба, затоа што неколку пати во годината ќе се осеќаш како господин идејќи до Охрид или Халкидики.
Да, за 16000 евра, Мечката е подобра опција од аспект на бренд, комфор, опременост, имиџ. Ама колку чини регистрација на 270-ка? Колку масло собира? Каква димензија на гуми вози? Па само резервоарот за миење на шофершајбна е 6Л. Тоа се се’ плусеви кои кај нас ретко дека некој ги зима во обзир. Би се кладел дека таа на Мечка исниот сопственик нема ни стакла да и осигура, пошто и тоа повлекува дополнителен трошок.
На пазар се иде со чист есап, колку ти е чергата, а не поведен од еуфорија и зголемен статус кај комшијата
